Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: Колку докази исчезнаа додека Тошковски и Јанев ги штитеа полицајците кои сега се приведени?
Македонија

СДСМ: Колку докази исчезнаа додека Тошковски и Јанев ги штитеа полицајците кои сега се приведени?

14/06/2025

AA

Од СДСМ велат дека приведените полициски службеници се лицата за кои СДСМ ги објави сите факти и аргументи во серијалот „Вистината за Кочани“.

„Без притисокот од СДСМ, јавноста и дел од медиумите немаше да се постапи воопшто.

Се потврди дека СДСМ ја зборува вистината за трагедијата во Кочани од првиот ден.

Со месеци Тошковски и Јанев ги штитеа и ја лажеа јавноста дека нема никаква вина кај полициските службеници кои се директно одговорни за пожарот во кој изгореа 62 деца а над 200 беа повредени.

За тоа време се остави огромен простор истрагата да биде компромитирана, можно е да биле уништени важни докази.

СДСМ прашува: Колку докази исчезнаа во меѓувреме додека Тошковски и Јанев ги штитеа нивните полицајци и функционери?

Ова е недозволиво однесување и мора да има целосна институционална, политичка и кривична одговорност.

Кривична одговорност од Александар Јанев, директорот на Бирото за јавна безбедност, кој ги поставил, им давал наредби. За да не влијае на истрагата и расчистување на случајот треба да си понесе оставка.

Истото важи и за Панче Тошковски кој ја штитеше неговата структура во полицијата и тврдеше дека нема вина.

Христијан Мицкоски пак ја злоупотребуваше трагедијата за политички напади, свесно лажеше, ги манипулираше родителите, јавноста, додека вистинските виновници од неговата власт беа заштитувани.

Без одговорност за Јанев, Тошковски и Мицкоски  – нема правда за Кочани. А без правда, нема мир за родителите, за граѓаните и за државата.

Јавноста мора да знае кој ја кочеше истрагата, кој ги штитеше виновните и кој учествуваше во прикривањето на една од најголемите трагедии во поновата историја на Македонија“, велат од оваа партија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy