Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ: СДС да се извини што лажеше за Кочани, опфатен е широк круг на луѓе под обвинение
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да се извини што лажеше за Кочани, опфатен е широк круг на луѓе под обвинение

14/06/2025

AA

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ правело груба злоупотреба на трагедијата во Кочани со цел да добие политички поен плус.

„Обвинувањата на СДС дека институциите постапуваат под притисок на опозицијата е безочна лага.

Сега институциите постапуваат професионално и неселективно, во однос на трагедијата во Кочани досега опфатени се голем број сегашни и минати функционери а некои се и во притвор.

МВР и институциите на системот ги доставиле сите потребни докази и информации за несреќата во Кочани до ЈО уште пред еден месец.

МВР ги има обезбедено сите докази по кои постапува ЈО и превзема акции.

Задача на ЈО, врз основа на обемната документација за случајот која им е предадена е да ја лоцираат вината и да подигнат обвиненија за секој еден за кој сметаат дека на било кој начин е виновен за пожарот и смртта на децата во Кочани.

Ниту еден полицаец, функционер, или кој и да е граѓанин кој имал допирна точка со предметот не е изоставен и се е опфатено во документацијата.

Сериозен е обемот на документацијата,  фактот дека во овој случај се опфатени над 60 лица, од Министри, преку МВР, институциите, бизнисмени, градоначалници, секој еден кој можел да има вина е доказ за тоа.

Огромна е разликата од МВР сега и од МВР под водство на Спасовски и СДС.

Спасовски и СДС беа опортунисти и секоја околност и ситуација ја искористуваа за извлекување сопствена полза и корист или за теснопартиски интерес.

СДС да не бидат дволични и да кажат колку лица беа опфатени со истрагата за Модуларната болница, колку во Беса Транс и Ласкарци? Нула.

Сега одговорност има за секој без разлика кој е и од каде е“, велат од партијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Шабан Салиу доби нова функција во Влада и плата над

20/08/2026
Македонија

Ибвинителството денеска ќе ја соопшти одлуката за истрагата за 19-те

20/08/2026
Македонија

Пожар кај Никуштак детектиран со смарт-камерите на ЦУК

20/08/2026
Македонија

Од патарина до крај на јуни инкасирани над 31 милион

20/08/2026
Македонија

Повторно лажни СМС испратени од МВР: Никако да не се

19/08/2026
Македонија

МВР: Започна примената на системот и за странските возила на

19/08/2026
Македонија

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги

19/08/2026
Македонија

„Кога гори македонска земја, нема граници“: Хероите на градот тргнаа

19/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45129
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Шабан Салиу доби нова функција во Влада и плата над 100.000 денари

20/08/2026

Поранешниот министер без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, по разрешувањето од министерската фотелја

Ибвинителството денеска ќе ја соопшти одлуката за истрагата за 19-те модуларни болници

20/08/2026

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска ќе одржи брифинг во врска со одлуката поврзана со

Пожар кај Никуштак детектиран со смарт-камерите на ЦУК

20/08/2026

Системот за рана детекција на шумски пожари со смарт-камери на Центарот за управување со кризи (ЦУК) навреме детектирал пожар во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy