
СДСМ: Гответе со Мицкоски, РЕЦЕПТ за лага од кујната на ВМРО-ДПМНЕ, долго готвена ИПАРД каша
Од СДСМ денеска испратија соопштение во кое објаснуваат „готвење“ со премиер Христијан Мицкоски.
„За оваа лага ви се потребни:
Зоран Заев – 1
Венко Филипче – 1
СДСМ поранешен министер – еден прстофат
И пар роднини од Заев, по можност браќа, братучеди, море било кој.
Како ја подготвуваме оваа лага:
Еден Заев.
Е сега, бидејќи Заев е жилав, мора долго да се динста. Дури и 5 години откако е во политичка пензија, можеби ќе треба и повеќе. Сепак, го туна режимот, со години беше за продолжување на патот кон ЕУ и уште ја внесе Македонија во НАТО. Тоа бара повеќегодишно динстање со лаги.
Еден Венко. Тука е дополнителен проблем. Тој е прилично нов и свеж, па мора да се измеша со нешто долго динстано. На пример, Заев, кого претходно сте го маринирале.
Ја добивте основата. Сега одат додатоците. Најдобро е да додадете неколкумина од семејството Заев. Одлично се сложуваат со Зоран, а и нив претходно сте ги динстале, па низ цедалка сте ги пропуштале, сега како зеленчук усогласете ги со Венко.
Сега сте веќе близу крајот, но не заборавајте уште некој министер. Одлично се сложува со сево ова. Најдете некој поранешен министер, нормално од СДСМ градината, и доволен е еден прстофат. Ова дава посебен шмек!
Некој ќе рече не оди баш тоа… само кажете: прво пробајте, па потоа кажете.
Сега стигнавме до крајот со состојките. Сега е важно многу да мешате, секојдневно и долго, за да не изгори. Многу лаги има тука, може дното да се фати.
Гответе го ова на тивок оган додека не се приближат изборите. Потоа засилете на максимум.
