Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Контролорите на летање во М-НАВ можат да штрајкуваат: Апелација ја поништи одлуката за забрана!
Македонија

Контролорите на летање во М-НАВ можат да штрајкуваат: Апелација ја поништи одлуката за забрана!

03/12/2025

AA

Апелациониот суд Скопје ја поништи одлуката на Граѓанскиот суд со која беше забранет штрајкот на контролорите на летање во М-НАВ.

Забраната била донесена зад затворени врати, без расправа и без да се слушнат аргументите на синдикатот.

Со оваа одлука, Синдикатот на контролорите на летање може веднаш да го реализира најавениот штрајк.

Според образложението на Апелациониот суд, првостепената судијка ја повредила законската постапка, бидејќи донела времена мерка „забрана за штрајк“ иако во самата тужба не било побарано изрекување таква мерка.

Совет од тројца апелациони судии утврдил дека е нарушен член 2 од Законот за парнична постапка, поради што предметот се враќа на повторно судење.

„Првостепениот суд во своето нејасно решение не дал образложени причини поради кои ја третирал тужбата како предлог за привремена мерка“, наведува Апелациониот суд, додавајќи дека судијката направила сопствена правна интерпретација за нешто што не било предмет на тужбеното барање.

Штрајкот беше закажан за 20 октомври 2025 година, со барања кои се актуелни со години — модернизација на опремата, подобри услови за работа и стопирање на партиските вработувања. Синдикатот очекува на повторната расправа да ги изнесе своите докази и ставови.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Приведен 71-годишен скопјанец во Охрид: Агресивно се однесувал и испрскал

24/08/2026
Македонија

Метеоаларм за денес: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер

24/08/2026
Македонија

Петок неработен ден за православните верници

24/08/2026
Македонија

ИСЧЕЗНА 83-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ: Трајан последен пат виден во Кисела Вода

24/08/2026
Македонија

Шестгодишно дете тешко повредено во Тетово, таткото го прегазил со

24/08/2026
Македонија

Порибување на Охридското Езеро: Два милиони пастрмка коран пуштени кај

24/08/2026
Македонија

Десет возачи приведени поради безобѕирно управување, девет возеле без дозвола

24/08/2026
Македонија

Семејство од гостиварско пријавило физички напад во Долна Матка по

24/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45221
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Приведен 71-годишен скопјанец во Охрид: Агресивно се однесувал и испрскал лица со запалива течност

24/08/2026

На 23.08.2026 во 18:30 часот на Плоштад „Крушевска Република“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода

Метеоаларм за денес: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер

24/08/2026

Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекува денеска, 24 август, предупредува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според

Петок неработен ден за православните верници

24/08/2026

По летните одмори, граѓаните во наредниот период ги очекуваат уште два неработни денови по повод верскиот и државниот празник. Првиот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy