Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: Дали државата ја води Владата, или криминалното подземје преку луѓето на Мицкоски?
Македонија

СДСМ: Дали државата ја води Владата, или криминалното подземје преку луѓето на Мицкоски?

01/04/2025

AA

Оваа Влада и ДПМНЕ се очигледно сериозно вмешани во криминал а лица од најголема доверба на премиерот во континуитет се во комуникација со подземните нарко кланови. Имаме сериозни причини да прашаме: Дали сме сведоци на целосна криминализација на ВМРО-ДПМНЕ и Владата предводена од Христијан Мицкоски? – велат од СДСМ.

„Фактите се загрижувачки и алармантни.

Ангел Самараков, човек од најтесното обезбедување на премиерот Мицкоски, е фатен како оддава доверливи информации на лица од скопската населба Грчец – средина добро позната по активностите на организираниот криминал. Самараков не е случаен „обезбедувач“ кој се нашол до премиерот. Тој е лојален партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Неговата сопруга е вработена во Општина Велес и беше кандидат за советник на локалните избори – исто така од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Ова значи дека се работи за човек од најблискиот круг на доверба на Мицкоски.

А ова не е изолиран случај.

Пред само неколку месеци, шефот на обезбедувањето на премиерот, нападна полицаец кој бил на должност за време на акција за борба против дрога. Се обидел да ја спречи полицијата во претрес во скопски локал, случај за кој јавноста дозна само откако медиумите го обзнанија па не можеше да се крие. Два инцидента, двајца блиски луѓе до Мицкоски и два обиди од МВР да се прикрие скандалот. Два пати вистината излезе на виделина само благодарение на медиумски притисок.

Затоа прашуваме:

Зошто луѓето од доверба на премиерот имаат соработка со подземјето?

Дали ова е случајна состојба или организирана шема?

Дали веќе не зборуваме за Влада, туку за структура длабоко поврзана со криминални мрежи?

И клучното прашање:

Како обезбедувачот имал такви документи, кој му ги дал доверливите информации?

Кој друг е вклучен во скандалот од МВР?

Само една година откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта, државата се соочува со бранот најсериозни криминални инциденти и улични пресметки во последната деценија. 

И тоа не е случајно.

Денес прашуваме: дали државата ја води Владата, или криминалното подземје преку луѓето на Мицкоски?

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Изложба на олдтајмери во Кавадарци: Најстариот автомобил има 98 години

06/09/2026
Македонија

Се огласија од Владата за приведениот возач: Законите важат за

06/09/2026
Македонија

Симон Трпчески со триумфални концерти во Токио одбележа 20 години

06/09/2026
Македонија

Маж и жена од Гази Баба физички нападнати од малолетниот

06/09/2026
Македонија

71-годишен маж од Кондово додека одел кон возилото го погодило

06/09/2026
Македонија

Повредени вработени во ЈП Комунална Хигиена – Скопје

06/09/2026
Македонија

Ѓорѓи Ѓоргиев, тапанарот на „ДНК“ кој загина во пожарот во

06/09/2026
Македонија

Го пријавила сопругот во полиција, со тврд предмет ја истепал,

06/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45497
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Изложба на олдтајмери во Кавадарци: Најстариот автомобил има 98 години

06/09/2026

Во рамките на традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер“, денеска во Кавадарци се одржува изложба на ретки олдтајмери од сите краишта на

Се огласија од Владата за приведениот возач: Законите важат за сите

06/09/2026

Од Владата информираа дека лицето со иницијали Д. Ц. е уапсено за примање поткуп, на претходно обележани парични средства, по

Симон Трпчески со триумфални концерти во Токио одбележа 20 години од дебито во Јапонија

06/09/2026

Македонскиот пијанист од светски глас, Симон Трпчески, постигна уште еден голем меѓународен успех настапувајќи на 3, 4 и 5 септември

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy