Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: АКТ со нови докази за поврзаноста на Алта банка со ВМРО-ДПМНЕ
Македонија

СДСМ: АКТ со нови докази за поврзаноста на Алта банка со ВМРО-ДПМНЕ

05/01/2026

AA

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска презентираше нови докази кои укажуваат на длабока и системска поврзаност на Алта банка со структури, финансиери и функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

„Акциите на САД против корупцијата, како и специјалниот Закон на САД за Западен Балкан, се силен показател дека се враќа фокусот за санкционирање на корупцијата и криминалот во регионот“, истакна Александар Саша Димитријевиќ генерален секретар на СДСМ, додавајќи дека ова е особено значајно за Македонија „заради врските и поврзаноста на актуелната власт во Македонија кои Антикорупцискиот тим на СДСМ целосно ги разоткри“.

Тој потсети дека АКТ на СДСМ веќе објави „сериозен скандал со сомнителни зделки за преземање на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка“, институција која, како што беше нагласено, „во јавноста е препознаена како блиска до Вучиќ и структурите на СНС“.

„Банкарот на Вучиќ – стана банкар и на Мицкоски во Македонија“, посочи Димитријевиќ.

За овој случај, Антикорупцискиот тим побара „Управата за финансиско разузнавање и Финансиската полиција да отворат истрага за ова сомнително преземање и темелно да се испита потеклото на парите“, но, како што беше потенцирано, „до денеска нема никаква реакција од ниту една надлежна институција“.

Денеска беа објавени и нови имиња и нови врски. Во менаџерскиот тим на Алта банка, како што беше посочено, „стои името на Лидија Неделкова“, а во Надзорниот одбор е “Стевчо Јолакоски, баџанак на Панче Тошковски, актуелен министер во владата на Мицкоски“.

Дополнително, АКТ го посочи и „малку познатиот Марјан Закев, член на менаџерскиот тим“, со поврзаности со бизнис структури „познати по офшор-структурите и бизнис круговите блиски до Мијалков и Камчев, како и со предметот ‘Империја’“.

„Ако на ова се додаде и фактот дека за член на Управниот одбор на банката од Битола била избрана Маја Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, сè е јасно. Ова е рентген слика за цела една структура – директен доказ за поврзаноста на Алта банка со ВМРО-ДПМНЕ, финансиерите и функционерите од оваа партија“, заклучи Димитријевиќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
Македонија

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026
Македонија

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360

31/07/2026
Македонија

Не отворајте порака од државниот ревизор: хакери нудат лажни „проекти“

31/07/2026
Македонија

Жештините продолжуваат: Температурите над 40 степени во делови од земјава

31/07/2026
Македонија

Стан во Центар продаден за 168.000 евра: Расте активноста на

31/07/2026
Македонија

Анализите на водата кај Лепенец не покажале надминување на дозволените

31/07/2026
Македонија

Забрана за користење вода за пиење од шест водоснабдителни објекти

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44788
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026

Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, поради зголемениот ризик од пожари

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема најава за укинување на вториот пензиски столб. „Кој најавил дека ќе се укине

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360 евра

31/07/2026

Пазарот на недвижности во Македонија продолжува со засилена активност. Во вториот квартал од 2026 година е забележан раст и на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy