Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ ја започна постапката за утврдување на кандидат за Претседател на државата
Македонија

СДСМ ја започна постапката за утврдување на кандидат за Претседател на државата

11/01/2024

AA

Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, денеска на прес конференција посочи дека СДСМ ја започна постапката за утврдување на кандидат за Претседател на државата за претседателските избори оваа година.

„Како партија со најголема внатрепартиска демократија во земјава СДСМ спроведува транспарентна и демократска постапка за избор на најдобриот кандидат.

СДСМ го избира победничкиот кандидат кој ќе биде иден Претседател на Републиката.

Во тек е веќе номинацијата на можни кандидати за претседател на државата во рамки на месните одбори во општинските организации на СДСМ.

Дополнително, отворен е и јавен повик за самокандидирање, преку оглас во дневни весници на македонски и албански јазик.

Со сите документи и формулари од денеска јавниот повик е достапен и на официјалната интернет страница на СДСМ.

Даваме можност за самокандидирање и на личности кои не се од СДСМ но ги споделуваат социјалдемократските вредности.

Сите кандидати мора да ги исполнуваат највисоките критериуми.

Да имаат висок општествен углед и кредибилитет, да уживаат доверба од членството, симпатизерите.

Да ги делат вредностите на социјалдемократијата, да ги почитуваат посебностите на сите наши граѓани без разлика на верска и етничка припадност и да се обврзат на неуморна работа за меѓународниот углед на татковината и исполнување на уште една стратешка и национална цел: членство во ЕУ.

Сите кандидати мора да го прифатат, да го почитуваат и да се придржуваат кон Кодексот за однесување на членовите и функционерите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Нашите вредности не дефинираат и не разликуваат од антиевропските и недемократски партии како ДПМНЕ и Левица.

Ги повикуваме сите кои ги исполнуваат критериумите и кои се заинтересирани да се пријават. За текот на процесот ќе ја информираме јавноста.

СДСМ ќе го има новиот претседател на државата, СДСМ ќе ја формира иднината проевропска Влада и заедно ќе ја внесеме земјата во ЕУ во новиот мандат“, вели Кузевска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„ИМАМ ПРАВО НА ЛИЧЕН СТАВ ЗА ПРЕСУДАТА НА ХАШИМ ТАЧИ“

21/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ ЧЕШЛА И НА ИСТОК Петмина паднаа со марихуана

21/09/2026
Македонија

СЕ ИСКАЧУВАА 15 ЧАСА ЗА ДА ГО РАЗВЕАТ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ

21/09/2026
Македонија

ТРАГЕДИЈА КАЈ СТРУМИЦА Пешак загина откако бил удрен од „ренџ

21/09/2026
Македонија

ПАЦИЕНТИТЕ НЕМА ОД ШАЛТЕР ДО ШАЛТЕР ДА ГИ НОСАТ ИСТОРИИТЕ

21/09/2026
Македонија

ЛАЖНИ РЕШЕНИЈА ЗА ЗЕМЈИШТЕ СТИГНУВАЛЕ ДО КАТАСТАР Стружанец три години

21/09/2026
Македонија

ПАЦИЕНТ СИ КРЕИРАЛ КОНЗИЛИЈАРНО МИСЛЕЊЕ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ДА

21/09/2026
Македонија

НАЈДЕНОТО ТЕЛО НА ШАР ПЛАНИНА Е НА 74-ГОДИШНИК Починал од

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45708
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„ИМАМ ПРАВО НА ЛИЧЕН СТАВ ЗА ПРЕСУДАТА НА ХАШИМ ТАЧИ“ Гаши не реагирал како претседател

21/09/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека неговиот став по повод пресудата на лидерите на расформираната Ослободитена војска на Косово

„TASK FORCE“ ЧЕШЛА И НА ИСТОК Петмина паднаа со марихуана на патот Струмица–Берово

21/09/2026

Полицискиот мобилен тим „Task Force“ на БЈБ пронајде марихуана во џип „дачија дастер“ при контрола на паотт Струмица–Берово во источниот

СЕ ИСКАЧУВАА 15 ЧАСА ЗА ДА ГО РАЗВЕАТ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ НА 4.346 МЕТРИ Студенти го

21/09/2026

Македонското знаме се развеа на 4.346 метри надморска височина во Колорадо. Двајцата македонски студенти Дарко Најдов и Бојан Блажевски на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy