Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 САМСУНГ ИМА ГОЛЕМИ ЗАГУБИ, ПАД НА ПРОФИТОТ И ДО 78 ОТСТО: Луѓето сè помалку купуваат нови телефони
Економија

САМСУНГ ИМА ГОЛЕМИ ЗАГУБИ, ПАД НА ПРОФИТОТ И ДО 78 ОТСТО: Луѓето сè помалку купуваат нови телефони

12/10/2023

AA

Јужнокорејскиот технолошки гигант Самсунг денеска објави дека
во третиот квартал очекува пад на оперативната добивка за 78 отсто на годишно
ниво.

Главната причина е малата побарувачка за потрошувачките уреди
на компанијата, пренесува CNN.

Самсунг објави дека во третиот квартал очекува оперативен профит од
2,4 трилиони корејски вони, или 1,8 милијарди долари, додека во истиот квартал
лани оперативната добивка изнесувала 10,85 билиони вони (осум милијарди
долари).

Во исто време, компанијата од Јужна Кореја очекува пад на
приходите од 12,7 отсто во третиот квартал. Во последниве месеци, Самсунг објави
големи загуби бидејќи глобалната економска несигурност влијае на потрошувачите
ширум светот и многу луѓе ги користат своите стари мобилни телефони и лаптопи
подолго.

Според истражувањето на Counterpoint, „изгледа дека 2023
година ќе биде најлошата година за глобалните испораки на паметни телефони во
последните 10 години“, при што испораките се очекува да се намалат за шест
отсто на годишно ниво на помалку од 1,2 милијарди телефони.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026
Македонија

Вечерва прскање против комарци во Кисела Вода

30/07/2026
Македонија

Локализиран пожарот кај Лешница, интервенираа два ер трактори

30/07/2026
Македонија

ФОТО Граѓаните веќе тргнаа на продолжен викенд за Илинден

30/07/2026
Македонија

Домаќинствата можат да добијат до 30.000 денари субвенции за приклучок

30/07/2026
Македонија

Еден месец Task Force: Запленети над 43 кг марихуана, приведени

30/07/2026
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ: Во функција се камерите во дел од општина Дебрца,

30/07/2026
Македонија

Пожар кај Желино, интервенира ер трактор

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44765
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026

Министерството за здравство информира дека го задолжи Центарот за јавно здравје–Скопје вечерва да спроведе дополнителна терестичка (од земја) адултицидна дезинсекција

Вечерва прскање против комарци во Кисела Вода

30/07/2026

Општина Кисела Вода ги известува граѓаните дека вечерва, 30 јули, ќе се спроведе акција за прскање против комарци на целата

Локализиран пожарот кај Лешница, интервенираа два ер трактори

30/07/2026

Директорот на Центарот за управување со кризи, г. Мухамет Али, веднаш по добиената дојава за пожарот во реонот на Лешница

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy