
„САМО ШТО ЗЕДОВМЕ МИЛИЈАРДА“: Владата мерка ново задолжување до 300 милиони евра – Јавниот долг ја проби психолошката граница
Само неполн месец откако државата се задолжи со една милијарда евра преку издавање на еврообврзница, Владата повторно ја разгледува опцијата за нов заем. На една од последните седници, министрите дискутирале за информација за потенцијално задолжување на меѓународниот пазар на капитал во износ до 300 милиони евра.
Оваа најава доаѓа во момент кога финансиските показатели за 2025 година палат „црвен аларм“. На крајот на минатата година, јавниот долг на Македонија за првпат во историјата ја надмина границата од 10 милијарди евра.
Со ова, задолженоста на државата повторно се доближи до критичната граница од Мастрихт.
Анализата на податоците покажува дека државата бележи континуиран и значаен раст на долгот во изминатата деценија и половина.

