Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Самарџиев: Победата ја осигуравме на полувремето – во соблекувалната!
Спорт

Самарџиев: Победата ја осигуравме на полувремето – во соблекувалната!

15/02/2024

AA

Кошаркарите на Работнички го продолжуваат настапот на Купот на Македонија во обидот по пет години да го вратат овој трофеј во клупските витрини, каде што последен пат беше по успехот во 2019 година, откако по голема борба ја мина четвртфиналната пречка наречена ТФТ (75-68).

Тренерот Горан Самарџиев беше свесен дека неговите избраници не одиграа сјајно, но искажа задоволство од начинот на кој се вратија по негативата од 14 поени во првото полувреме.

„Не беше лесно да се победи ТФТ, кој одигра одлично во одбраната и беше првиот тим кој успеа да нѐ задржи под 80 поени. Но такви се Куп-натпреварите, знаат да бидат многу непредвидливи и тоа го знаат играчите, но и ние тренерите. Многу пати сум играл финале и сум освојувал трофеи, тоа ми помогна да ги мотивирам на полувремето и драго ми е што потоа ја игравме нашата игра. Одигравме просечен меч, но сепак славевме, иако немаше да биде незаслужено ако и ТФТ победеше. Сите го посакуваа полуфиналното дерби со МЗТ и верувам дека тоа ќе биде спектакл. Малку се истрошивме денеска, но мислам дека ќе бидеме ‘фит’ за предизвикот со најголемиот ривал. Ќе биде прекрасно да се видат двете навивачки групи после подолго време, се надевам дека дуелот ќе биде многу посетен“, изјави Самарџиев.

Средбата помеѓу МЗТ Скопје и Работнички ќе се одигра утре со почеток во 17 часот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсени две лица во Скопје, си ги криеле регистарските ознаки!

14/02/2026
Македонија

НАДМУДРУВАЊЕ СО „СЕЈФ СИТИ“ Се обиделе да ги прикријат таблиците,

14/02/2026
Македонија

ВИДЕО Тивките чувари на минатото: Како во Државниот архив се

14/02/2026
Македонија

Жителите на Блатец со жив штит против изградбата на хидроцентрала

14/02/2026
Македонија

САКАЛ ДА ПОТПКУПИ ПОЛИЦАЈЦИ, А ТИЕ ГО ПРИВЕЛЕ Албанец фатен

14/02/2026
Македонија

„Алкохолот и воланот не одат во двојка“ – Полицијата со

14/02/2026
Македонија

ЌЕ СЕ МЕНУВА ЛИ ЗАКОНОТ? Јавната дебата сè уште трае,

14/02/2026
Македонија

ВАЖНА ВЕСТ ОД УЈП: Рокот за пријавување на приходите од

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41472
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсени две лица во Скопје, си ги криеле регистарските ознаки!

14/02/2026

На 13/14.02.2026 во периодот од 19:00 часот до 03:00 часот на подрачје на Центар и Бит Пазар во Скопје од

НАДМУДРУВАЊЕ СО „СЕЈФ СИТИ“ Се обиделе да ги прикријат таблиците, но полицијата не им даде

14/02/2026

Вчера навечер и до раните утрински часови, полицијата во Скопје спроведе засилена акциска контрола низ Центар и низ Бит Пазар,

ВИДЕО Тивките чувари на минатото: Како во Државниот архив се „лекуваат“ документи стари над еден

14/02/2026

Додека повеќето од нас историјата ја гледаат низ учебници или дигитални екрани, во една тивка лабораторија во центарот на Скопје,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy