
Салах го постигна 150. гол за Ливерпул и влезе во елитно друштво (ВИДЕО)
Со постигнатиот гол, тој стигна до 150 погодоци во дресот на „црвените“, а со тоа влезе и во елитното друштво на Премиер лигата. Салах стана само петтиот фудбалер во историјата на ова натпреварување кој постигнал 150 гола за еден клуб. Пред него, тоа им успеа само на Хари Кејн (Тотенхем), Серхио Агуеро (Манчестер Сити), Вејн Руни (Манчестер Јунајтед) и Тиери Анри (Арсенал).
Заедно со времето поминато во Челси, Салах има 152 гола во Премиер лигата и се наоѓа на десеттото место на вечната листа на стрелци. Лидер во оваа категорија е Алан Ширер кој има 260 гола, последниот од нив постигнат во 2006 година.
