Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Борел: Историската одлука на ЕУ да им обезбеди на граѓаните на Косово безвизен режим од 1 јануари
Македонија

Борел: Историската одлука на ЕУ да им обезбеди на граѓаните на Косово безвизен режим од 1 јануари

01/01/2024

AA

Шефот на европската дипломатија Јозеп Борељ денеска ја нарече „историска“ одлуката на Европската унија да им обезбеди на косовските граѓани безвизен режим во Шенген зоната од 1 јануари и рече дека тоа носи значителни придобивки за Косово и за Унијата.

„Историската одлука на ЕУ стапува на сила. Граѓаните на Косово од денеска можат да патуваат во ЕУ без визи. Ова носи значителни придобивки за Косово и ЕУ“, објави Борељ на социјалната мрежа Х (Х).

Борељ нагласи дека сега целиот Западен Балкан „е поврзан со Шенген зоната преку визна либерализација“.

Со одлуката за визна либерализација, граѓаните на Косово од денеска можат да останат во Шенген зоната најмногу 90 дена во рок од шест месеци без визи, по што не можат да влезат во зоната во наредните шест месеци.

На крајот на 2023 година, Европската унија (ЕУ) на својата официјална веб-страница објасни дека патниците од Косово можат повеќепати да влезат во Шенген зоната во рок од шест месеци, но најмногу до 90 дена.

Исто така, граѓаните на Европската унија ќе можат да престојуваат во Косово без виза.

„Косово доследно ги исполнуваше сите критериуми и континуирано ја демонстрираше својата посветеност. Со ова достигнување, сите партнери од Западен Балкан наскоро ќе имаат безвизен пристап до ЕУ“, беше објавено на веб-страницата на ЕУ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44975
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy