Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 САКАТЕ СТАН ВО БЕЛГРАД НА ВОДА, ПА И НЕ Е ТАКА „СТРАШНО“ – Подгответе по 3.200 евра за квадрат. ФАКТОР ФОТО, ДИРЕКТНО ОД ТЕРЕН
Економија

САКАТЕ СТАН ВО БЕЛГРАД НА ВОДА, ПА И НЕ Е ТАКА „СТРАШНО“ – Подгответе по 3.200 евра за квадрат. ФАКТОР ФОТО, ДИРЕКТНО ОД ТЕРЕН

19/04/2023

AA

Многумина го критикуваа и исмеваа, други, пак, го воздигнуваа, но изгледа дека Белград на вода ги исполни очекувањата, градејќи ја својата економска оправданост. Проектот стартуваше во сега далечната 2014 година, фамозно, во стилот на српскиот претседател Александар Вучиќ, а близу една деценија подоцна, тоа е еден чист, педантно изграден и уреден комплекс, и секако престижен.

Таму ќе сретнете бројни станбени единици, можеби и повеќе од половината од она што на стартот се најавуваше. И, сеуште се гради.

Можете да забележите голем заграден простор, а на оградите инвеститорите ги истакнале и цените по кои можете да купите стан во овој луксузен комплекс. И погодете, тоа ќе ве чини „само“ 3.200 евра по метар квадратен, доколку на стартот на градбата ги уплатите средствата. Иако изгледа премногу, тоа можеби и не е така страшно во споредба со цените на становите во останатиот дел на Белград, кои се движат од 2.000 евра по метар квадратен, но за стари згради и станови, па се до над 4.000 евра за нови и убаво уредени станови. А да не заборавиме дека и во нашето Скопје веќе можете да сретнете понуди за продажба на стан од по 2.200 евра за квадрат, се разбира за најпрестижните локации и квалитет на градба.

Секако дека и во Белград на вода сегашните цени што се нудат од по 3.200 евра за метар квадратен, веројатно се за оние „обичните“ станови. За екстра луксузните и со престижна местоположба и квалитет, сигурно би требало да платите и многу повеќе. Како што впрочем и пишуваа српските медиуми, најскапиот стан продаден во Србија некогаш, е токму во Белград на вода, и чини над 9.000 евра.

Ако деновиве прошетате низ Белград на вода, ќе видите луксузни станбени единици, квалитетно изградени. Не изгледа дека недостигаат паркинзи, а веќе се разработени и кафулиња. 

И не само тоа. Перфектно уредени пешачки патеки, катчиња за ркреација, посебни локации со опрема за забава, од најмладите, до највозрасните. 

Целиот станбен комплекс е чист, убаво уреден, и некако мирен и надвор од градскиот метеж, а да не зборуваме за смирувачкото дејство на водата од реката Сава на која е всушност изграден.

А што напишаа за Белград на вода?

На Википедија е наведено дека Белград на вода е проект за развој на урбана обнова, предводен од српската Влада, чија цел е подобрување на градскиот пејзаж и економијата на Белград, преку ревитализација на амфитеатарот Сава, запуштен дел од земјиштето на десниот брег на реката, помеѓу Белградскиот саем и Бранковиот мост. Проектот стартувал во 2014 година и е вториот по големина комплекс за мешана употреба во изградба во Европа. Комплексот ќе вклучува 7.000 станбени единици за 14.000 жители, луксузни хотели, 2000 канцеларии, најголеми трговски центар во југоисточна Европа и јавни згради во вкупна градежна површина од 1,8 милиони квадратни.

Проектот беше инициран во 2014 година помеѓу Владата на Србија и Игл Хилс, водечка приватна инвестиција со седиште во Абу Даби и развојна компанија, фокусирана на создавање нови градски центри на меѓународните пазари со висок раст. На стартот беше најавено дека српската влада и нивните партнери од ОАЕ ќе инвестираат околу 3,5 милијарди американски долари, како и дека проектот вклучува канцелариски и луксузни станбени згради, Белградски парк, Сава Променада, хотели со пет ѕвезди и трговски центар Галерија Белград. Централната точка на проектот е Кула Белград, ново градско обележје.

Точно на 27 јуни 2014 година премиерот на Србија Александар Вучиќ и инвеститорот од Обединетите Арапски Емирати Мухамед ел Абар свечено ја отворија реновираната зграда на „Геозаводот“ и го претставија новиот план проект Белград на вода. Вучиќ тогаш изјави дека овој проект претставува една од петте најубави згради во Србија, која е обновена благодарение на инвеститорот од Обединетите Арапски Емирати. За арапскиот партнер, компанијата Игл Хилс, тогаш беше најавено дека ќе изгради околу два милиони квадрати станбено-работен простор.Во септември 2015 година на таа локација започна изградбата на две станбени згради, кои денес се симбол на целиот комплекс.

Еве што не така одамна кажаа и инвеститорите и кои беа нивните очекувања. Имено, според нив, добрата географска положба на овој комплекс веројатно ќе ја направи оваа локација број еден во српскиот главен град за кратко време. Целиот проект предвидува изградба во четири фази, а рокот за завршување на сите работи е најмногу 30 години, значи до 2044 година.

Веќе во 2021 година Белград на вода ги доби своите први станбени згради на вода, како и трговски центар.Од година во година работите на градилиштето напредуваа. Напредок беше забележан и за време на пандемијата на корона вирусот. Она што го нуди Белград на вода, а што привлече многу граѓани и туристи е најголемиот трговски центар во регионот. Се вика „Галерија Белград“, а беше свечено отворен на 30 октомври 2020 година. Изграден е по светски стандарди, а вкупната површина е 300.000 метри квадратни. Има и најголем зелен покрив во регионот и дури 3.600 паркинг места.

Изградбата на шеталиштето Сава траеше од 2015 до 2016 година и претставува впечатлив елемент на Белград на вода. Покрај патеката за пешачење, има и велосипедска патека направена по највисоки стандарди.

Комплексот не го сочинуваат само згради, туку и зеленило и вода. Во 2021 беа готови близу 870 станови на таа локација, а беше планирано да се вселат уште три. Апартманите се со една, две, три и четири соби и се дизајнирани да ги задоволат највисоките стандарди на функционалност.

И нешто за популарната Кула Белград, која полека станува новиот симбол на градот, и речиси е незамисливо да појдете во српскиот главен град, а да не се фотографирате пред таа кула. Оваа 42-катна кула е највисоката зграда во Србија,градена според проектот на познатото архитектонско биро SOM, кое потпишано и на други познати светски згради. Кулата е висока 168 метри со површина 50.000 квадратни метри. Во кулата ќе биде сместен хотел St. Regis со пет ѕвезди и 220 брендирани станбени единици. Резиденциите, кои вклучуваат 220 експанзивни дуплекс единици, и хотелот, со 120 соби, се дизајнирани според строги стандарди со остри, чисти завршетоци од месинг и камен. Во Кулата Белград, првите 11 ката се предвидени за хотелот The St. Regis Belgrade, додека од 14 до 39 кат се простираат луксузните станови. На 12 и 13 кат предвидено е двојно ниво, каде се сместени техничките простории.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy