Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Објавен оглас за работници за автопатите на Бехтел и Енка, основни плати до 70 илјади денари
Економија

Објавен оглас за работници за автопатите на Бехтел и Енка, основни плати до 70 илјади денари

19/04/2023

AA

Јавното претпријатие за државни патишта објави оглас за привремено вработување на работници за проектот за изградба на четирите автопати на изведувачот Бехтел и Енка на Коридорот 8 и 10д. Вработувањата ќе траат до завршувањето на проектот, како што пишува во огласот, до 22 јануари 2028.

Овие кандидати ќе ги вработува Јавното претпријатие за државни патишта, според нивниот правилник за систематизација, а интересно е тоа што, наспроти упорноста на власта за законски измени со кои ќе може конзорциумот да ангажира работници за 60 часа неделно, овие вработени ќе работат само 40 часа неделно.

Како најатрактивно работно место е потребата од еден помошник на главниот и одговорен координатор на проектот. Треба да биде градежен инженер и ќе добива основна плата од 70.052 денари. Работното време ќе му биде осум часа дневно во прва смена.

Се бара и еден координатор на единицата за подготовка на проектот. Тој ќе треба да има завршено на некој од факултетите за општествени науки, ќе работи 40 часа неделно и ќе добива нето-плата од 60.005 денари. ЈПДП има потреба и од еден координатор „на единицата за техничка изведба на проектот“, кој треба да биде градежен инженер за 65.029 денари.

Се бараат и четворица специјалисти што се разбираат во експропријација на имот, а при тоа треба да имаат завршено факултет од општествените науки. И за нив ќе важи истото работно време, а ќе добиваат основна плата од 45.045 денари. Се бара и по еден преведувач и по еден „известувач“ за проектот. Треба да имаат какво било високо образование. Ќе работат од понеделник до петок по 40 часа и ќе добиваат исто така плата од 45.045 денари.

Се бараат и двајца администратори кои може да имаат средно образование, а ќе добиваат нето плата од 30.000 денари. За истата плата се бараат и двајца возачи со најмалку средно образование.

На огласот се отвораат и пет работни позиции за „специјалисти за инвестиции и градба на патишта“. Тоа би биле градежни инженери со тригодишно искуство за плата од 55.037 денари. За истата плата се бара и еден „урбанист“, еден геодет, како и двајца „специјалисти за подготовка, изработка и следење на проектна документација“. Оваа плата ќе ја добиваат и двајца што се разбираат во заштита на животната средина, еден електроинженер што се разбира во енергетски објекти и еден сообраќаен инженер.

Огласот ќе трае до 25 април, а директорот на ЈПДП ќе формира комисија која ќе треба да ги селектира кандидатите. Изборот може да трае од 45 до 120 дена, во зависност од тоа колку кандидати ќе се пријават, што може да се види и на линкот објавен на 13 април на веб-страницата на јавното претпријатие.

Автопатите што треба да ги гради Бехтел и Енка, уште не почнати, се соочуваат со серија контроверзности. Прво се заобиколија закони и се донесе нов закон „во четири очи“ за таа цел. Имаше проблеми и со изборот на надзор. 

Проектот беше официјализиран на 4 април на настан кај наплатната рампа на автопатот Тетово – Гостивар, една од четирите делници што ќе се градат во вкупна вредност од 1,3 милијарди евра. Останатите три делници опфатени со договорот со изведувачот „Бехтел и Енка“ се Гостивар – Букојчани, Требениште – Струга – Ќафасан и Прилеп – Битола.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МВР НЕМА ЕВИДЕНТИРАН ИЗЛЕЗ НА ИВА МИХАИЛОВА ОД ЗЕМЈАВА Нејзиниот

12/10/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ЗАМИНА НА ЛЕКУВАЊЕ ВО БУГАРИЈА Границата ја поминала

12/10/2026
Македонија

ПРОТИВ КОГО МАРШИРАШЕ ВИКЕНДОВ ФИЛИПЧЕ ВО ПРИЛЕП? Дали против бугарските

12/10/2026
Македонија

🎥 ДИВЕЕЛ НА ПАРТИЗАНСКА НА ЕДНО ТРКАЛО ЗА ДА СЕ

11/10/2026
Македонија

🎥 ТРГНАЛЕ НА СВАДБА, БЛОКИРАЛЕ СООБРАЌАЈ ВО АЕРОДРОМ Казнети четворица

11/10/2026
Македонија

ДВАЈЦА СТРАНЦИ БЕЗБЕДНО ИЗВЛЕЧЕНИ ОД ПЕРИБЕГ Ги затекнало лошо време,

11/10/2026
Македонија

ДИМИТРИЕВСКИ ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ ДА ЈА ОДБЛОКИРААТ ДЕПОНИЈАТА КРАСТА Вети

11/10/2026
Македонија

ОХРИЃАНЕЦ ЗАГИНА, МУ СЕ ПРЕВРТЕЛО КАНУТО Го нашле на околу

11/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46116
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МВР НЕМА ЕВИДЕНТИРАН ИЗЛЕЗ НА ИВА МИХАИЛОВА ОД ЗЕМЈАВА Нејзиниот адвокат вели дека и самиот

12/10/2026

МВР нема евиденција за заминувањето на македонската државјанка со бугарски пасош Ива Михаилова во Бугарија, каде што најави дека ќе

ИВА МИХАИЛОВА ЗАМИНА НА ЛЕКУВАЊЕ ВО БУГАРИЈА Границата ја поминала со македонска лична карта

12/10/2026

Ива Михаилова од Кочани, која е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, ја помина македонско-бугарската граница

ПРОТИВ КОГО МАРШИРАШЕ ВИКЕНДОВ ФИЛИПЧЕ ВО ПРИЛЕП? Дали против бугарските фашистички окупатори или против бугарските

12/10/2026

„Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy