Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 САКАМЕ ПОГОЛЕМА ФИНАНСИСКА СИГУРНОСТ: Како да генерираме пасивни приходи?
Економија

САКАМЕ ПОГОЛЕМА ФИНАНСИСКА СИГУРНОСТ: Како да генерираме пасивни приходи?

24/12/2023

AA

Со оглед на
високите трошоци за живот, добро е граѓаните да размислуваат за повеќе извори
на приходи. Можат да си обезбедат
пасивен приход кој ќе им помогне за полесна егзистенција во иднина.

Постојат повеќе
опции за тоа, но луѓето треба да размислат што е во склад со нивните можности и
што најмногу им одговара. Во одредени области генерирањето на пасивен приход
оди полесно, но за некои сектори е потребно повеќе знаење. Има многу инспиративни
приказни за луѓе кои со своето хоби си обезбедиле пасивни приходи.

„Генерирањето
на пасивни приходи е цел која многу луѓе ја имаат, и со правилниот план и
стратегија, може да се постигне. Постојат неколку начини и идеи кои може да се
разгледаат во нашата средина: Едно од најпознатите е издавање
на имот
: Ако имате сопственост на имот, може
да размислите за издавање на таа недвижнина. Краткорочно издавање (преку
платформи како Airbnb) или долгорочно издавање (долгорочни закупци) може да
донесе стабилен месечен приход. Вложување во акции и инвестициски
фондови: Инвестирањето во акции
или други инвестициски фондови може да биде начин да се создаде пасивен приход.
Сепак, треба да се направи добра анализа и да се консултирате со финансиски
советник за да го разберете ризикот и потенцијалниот приход. Онлајн заработка: Со растот на дигиталната економија, постојат
многу начини за заработка преку интернет. Некои идеи вклучуваат: Блогирање или
пишување на содржина: Може да креирате блог или YouTube канал и да генерирате
приход преку реклами, партнерски програми или спонзорирани содржини, продажба
на дигитални производи: Креирање и продажба на е-книги, онлајн курсеви, музика
или други дигитални производи“,
вели Стефан Стојанов од Генерали Инвестменст.

За да ја изберат најдобрата опција за создавање пасивен
приход, луѓето можат да побараат совет од стручно лице.

„Дивиденди и ројалтис: Ако
инвестирате во компании или имате интелектуална сопственост (како патенти,
авторски права на музика, книги итн.), може да добивате редовни дивиденди или
ројалтис од нив. При избор на метод или
стратегија за генерирање на пасивен приход, важно е да се направи добра анализа
на ризиците, да се консултирате со професионалци каде што е потребно и да се
разбере дека пасивните приходи често бараат почетен инвестициски напор или
ресурси пред да станат „пасивни”, додава Стојанов.

Луѓе заработуваат од продажба на
фотографии, ракотворби, организираат курсеви и слично. Пасивен приход е приходот кој го добивате дури и кога не
работите. Понекогаш со 6-18 месеци работата на проект кој ќе генерира
приходи  може да си обезбедите стабилен профит за подолг период.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy