Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ Петрушевски за говорот на Мицкоски во ООН
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ Петрушевски за говорот на Мицкоски во ООН

25/09/2026

AA

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум”, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата, пред 81. Генерално собрание на ОН во Њујорк, кое беше пренесено во програмата на телевизијата.

– Се потврди нашата геополитичка ориентација, стратешкото партнерство со НАТО, САД и ЕУ. Во делот на евроинтегративниот процес на Македонија, ние не бараме полесен пат, ние бараме предвидлив пат заснован на мерливи правила и критериуми – рече тој.

Како една од важните пораки од ова обраќање, Петрушевски ја издвои тезата дека легитимитетот извира од граѓаните, а не од политичката функција. Во тој контекст, тој ја посочи Македонија како пример за процес во кој, како што наведе, во минатото биле исполнувани бројни барања и биле правени промени во име на европската иднина, но без да се обезбеди предвидливост на патот кон ЕУ.

– Македонија е еклатантен пример. Во минатото, историски ако гледаме, сме исполнувале многу барања, сме менувале многу работи, се во име на таа европска иднина, но таа никогаш не доаѓа, туку напротив, доаѓа ново барање. Сега имаме премиер кој цврсто пред сите во Њујорк рече дека сакаме компромис, но компромис којшто ќе ни донесе предвидлив пат, а не компромис којшто ќе ни донесе уште едно барање, и мислам дека тоа е најголемата силина на овој говор – истакна Петрушевски.

Тој се осврна и на делот од говорот за заложбите Македонија да стане посилна држава, со ефикасни институции, владеење на правото и конкурентна економија,а го издвои и делот од говорот посветен на модерните технологии, дата центрите и вештачката интелигенција,

– Во делот на модерните технологии, дата центрите, вештачката интелигенција, поврзувајќи го тоа со еден современ суверенитет, тоа не значи изолација, туку силна економија веќе станува дел од една национална безбедност и силна економија значи и поголем суверенитет – рече Петрушевски.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЧИНА БИЗНИСМЕНОТ БОШКО РЕМИС Се занимаваше со градежништво и со

22/11/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ДОЖДЛИВА НЕДЕЛА На планините ќе има снег

22/11/2026
Македонија

ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ГОСТИВАР Се пребарува и по

22/11/2026
Македонија

РАМА ТВРДИ ДЕКА АЛБАНИЈА НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ПОПРЕЧУВА ПАТОТ

22/11/2026
Македонија

ONE STOP SHOP ПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА НА ЌАФАСАН Мицкоски и

22/11/2026
Македонија

ПОВРЕДЕНИОТ АЛПИНИСТ БИЛ ИНСТРУКТОР ОД СРБИЈА Пред да падне предупредил

22/11/2026
Македонија

ЦРКОВНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА 80. РОДЕНДЕН НА РУСКИОТ ПАТРИЈАРХ Кирил им

22/11/2026
Македонија

📷 СПЕЦИЈАЛЦИТЕ ИЗВЛЕКОА ПОВРЕДЕН АЛПИНИСТ ОД ТЕШКО ПРИСТАПЕН ТЕРЕН Биле

22/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46883
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЧИНА БИЗНИСМЕНОТ БОШКО РЕМИС Се занимаваше со градежништво и со туризам

22/11/2026

По кратко боледување во 63 година од животот денеска почина познатиот охридски бизнисмен Бошко Илоски познат како Бошко Ремис, објави

НЀ ОЧЕКУВА ДОЖДЛИВА НЕДЕЛА На планините ќе има снег

22/11/2026

Дожд се очекува во вечерните часови, но и во текот на утрешниот ден, синоптичарите најавуваат заладување. Како што информираа попладнево

ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ГОСТИВАР Се пребарува и по течението на Вардар

22/11/2026

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), по вторпат ги ангажираше специјализираните тимови за потрага по исчезнатото лице во Гостивар, по

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy