Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 “Сакам да работам“ со честитка за 1-ви мај бара реално согледување на фактите за игрите на среќа!
Македонија

“Сакам да работам“ со честитка за 1-ви мај бара реално согледување на фактите за игрите на среќа!

01/05/2026

AA

Како Здружение на вработени во секторот на игри на среќа, „Сакам да работам“ претставувајќи ги вработените во најголемиот приватен работодавач во Македонија, по повод Меѓународниот ден на трудот упатуваме честитка до сите трудољубиви сограѓани кои исто како нас, работејќи вредно обезбедуваат егзистенција за семејствата.

Земајќи предвид дека сме вработени во економски сектор, кој со години е цел на негативна кампања, ја користиме оваа прилика да испратиме неколку пораки. Ние не сме криминалци, не работиме во нелегални објекти, туку во строго регулиран сектор кој подлежи на законско лиценцирање и дозволи за работа, кои се издаваат во многу сложена и крајно контролирана административна постапка.  Многумина меѓу нас се родители на малолетни деца или на тинејџери и навистина е многу страшно кога слушаме паушални обвинувања од дежурните критичари на игрите на среќа кои упорно тврдат дека легалните објекти наводно ја загрозуваат младината. Зарем навистина некој може да поверува дека приредувачите на игри на среќа имаат бизнис интерес да привлекуваат во објектите млади кои излегуваат со џепарлак од своите родители? Дали младината ќе биде повеќе или помалку загрозена ако игрите на среќа се префрлат во диви играчници по подруми? Зошто се тврди дека само излозите на објектите на игри на среќа ги привлекуваат малолетниците, а истата логика не важи за трафиките, кафулињата и кафеаните?

Во ниту една држава ригидните политики не ги даваат посакуваните ефекти. Секој викенд илјадници Грци возат стотици километри за да играат во нашите казина во Гевгелија. Албанија се откажа од четиригодишната забрана на игрите на среќа затоа што како печурки им никнаа диви играчници на кои нивните власти немаа никаква контрола. Иронијата е што дел од дежурните критичари кога одат во земји од ЕУ, во Монако, Лас Вегас или на крстарења со бродови, не се воздржуваат да посетуваат казина, да се фотографираат и да се фалат. Таму е во тренд  и гламурозно да играш, а во Македонија е морален прекршок од највисок вид!

Крајно време е да се соочиме со фактите за индустријата. Игрите на среќа се многу сериозен економски двигател, значаен сектор кој директно вработува повеќе од 10 илјади луѓе, а индиректно помага меѓу 54 до 100 илјади други работни места во Македонија. Буџетски приливи од легалните игри на среќа одамна го надмина износот од 350 милиони евра на годишно ниво. Компаниите и ние вработените постојано сме дел на различни хуманитарни и донаторски активности со што покажуваме врвна општествена одговорност. Нашите работодавачи се претставници на реномирани светски и ЕУ компании кои спроведуваат највисоки стандарди на професионалност. Со години водиме кампања за подигнување на јавната свест со пораката „Забрането за малолетни лица – 100 % законски“.

Евентуалното поставување нови, невозможни за исполнување, услови за индустријата, тоа ќе предизвика принудно затворање на легалните објекти. Таквата потенцијална состојба по автоматизам ќе создаде услови за отворање на играчници на црно, како во 90-те години на минатиот век, каде младите ќе станат лесна мета, а државата ќе остане со куси ракави. Финансиските средства од редовните буџетски приливи ќе се префрлат во приватни џебови и ќе почне да цвета сивата економија. Државата ќе изгуби најмалку 6 % од буџетските приливи на приходната страна, што многу сериозно ќе ја погоди македонската економија. Истовремено ќе предизвика егзодус на најмалку 10 илјади семејства кои ќе се преселат во западните земји и таму повторно ќе работат во истиот сектор. Тоа е реалноста!

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВНУКОТ НА РУСКОСКА НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ФФМ Стигнал

09/10/2026
Македонија

ВО СОЛУН ПРОРАБОТИ ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ БАТЕРИИ ЗА СКЛАДИРАЊЕ СТРУЈА

09/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА БАРА ГЕРМАНСКО ЗНАЕЊЕ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА ЗДРАВСТВОТО Клековски разговараше

09/10/2026
Македонија

МОНСТРУМОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Бојковски е

09/10/2026
Македонија

МОНСТРУМОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Бојковски е

09/10/2026
Македонија

80 ГОДИНИ ОД ПРЕНЕСУВАЊЕТО НА КОСКИТЕ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО

09/10/2026
Македонија

ПЕТ-ЦЕНТАРОТ ЌЕ РАБОТИ ВО ВИКЕНДИ И НА ПРАЗНИЦИ Целта е

09/10/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА СПРЕЧИЛА ОКОЛУ 40 МИГРАНТИ ДА ВЛЕЗАТ ВО МАКЕДОНИЈА Испукани

09/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46084
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВНУКОТ НА РУСКОСКА НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ФФМ Стигнал до партиска функција благодарение на

09/10/2026

Внукот на поранешната обвинителка Вилма Русковска, Герасим Лазов, се најде на удар на ВМРО-ДПМНЕ откако јавно ги критикувал состојбите во

ВО СОЛУН ПРОРАБОТИ ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ БАТЕРИИ ЗА СКЛАДИРАЊЕ СТРУЈА Постројката на HELLENiQ ENERGY ќе

09/10/2026

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од

МАКЕДОНИЈА БАРА ГЕРМАНСКО ЗНАЕЊЕ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА ЗДРАВСТВОТО Клековски разговараше со компании и медицински институции

09/10/2026

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска учествуваше на министерскиот панел на високо ниво на Деветтиот германско-источноевропски здравствен форум во Берлин.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy