Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Садики: Петмина наши граѓани, меѓу кои две деца чекаат да бидат евакуирани од Појасот Газа
Македонија

Садики: Петмина наши граѓани, меѓу кои две деца чекаат да бидат евакуирани од Појасот Газа

24/10/2023

AA

Македонските власти се обидуваат да евакуираат петмина наши државјани од Газа – брачен пар и татко со две мали деца. На мајката на децата, која е палестински државјанин и е издадена виза, изјави идниот македонски амбасадор во Тел Авив Шпенд Садики, кој денеска реферираше пред пратениците на Комисијата за надворешни работи во Собранието.

-Тоа го правиме секојдневно. Беа двајца – еден брачен пар и последна бројка е пет. Татко и две мали деца. Дел од кризниот штаб сега е фокусиран на Газа во обид да се извлечат тие пет луѓе. Она што е невозможно ние да влијаеме е одлуката кога ќе се отвори границата. Таа одлука зависи од Египет и делумно и од Израел. Во комуникација сме секојдневна со нашата вршителка на работи во Каиро Елма и со Мачеј во Тел Авив и со нашите државјани, рече Садики.

Новиот амбасадор, кој одговараше на прашање на пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ за тоа што се прави за извлекување на наѓи граѓани од Појасот Газа, меѓу другото информираше дека се издадени патни листови за децата кои немале пасош, а мајката на децата е палестински државјанин и за неа е издадена виза.

-Ќе зависи од египетските власти дали ќе дозволат таа да излезе од земјата. И ние ќе инсистираме. Амбасадата во Тел Авив не е акредитирана за палестинските територии. Неколку држави имаат формални релации со нив, но ние немаме и тоа е политичка одлука, но конзуларна заштита за Западниот Брег нудиме од Амсадата во Тел Авив, а за Газа преку Амбасадата во Египет, рече Садики.

Новиот амбасадор истакна дека ние имаме мала дијаспора во Израел и дека бројката на наши граѓани таму се движи меѓу 200 и 300.

Новиот амбасадор на Северна Македонија во Тел Авив во излагањето пред пратениците, главно, се осврна на состојбата во Израел по нападот од страна на Хамас на 7 октомври. Се очекува да се види како ќе се одвива ситуацијата таму по најавената копнена офанзива на Израел.

-Северна Македонија ги следи позициите на Брисел и се залагаме за продолжување на преговорите се до постигнување трајно и сеопфатно решение. Кризата во последните две недели покажа колку е важно сојузништвото на САД со Израел, пресудно за обезбедување поддршка за Израел, рече Садики.

Кажа дека односите на Северна Македонија и Израел се одлични, но имаме слаба секторска и економска соработка. Се предлага соработка во туризмот и економијата односно инвестиции. Посетите на највисоко нови ќе зависат од безбедносната состојба во земјата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски му честиташе на Маѓар, очекува дека ќе продолжи соработката

13/04/2026
Македонија

Израелската амбасадорка со пофалби за брзата реакција на македонските власти

13/04/2026
Македонија

🎥 СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ПРЕДУПРЕДУВА ДА НЕ СЕ НАЈДЕМЕ ИЗГУБЕНИ ВО

13/04/2026
Македонија

СДСМ: Време е за правда – Груевски на издржување казна!

13/04/2026
Македонија

АМБАСАДОРКАТА НА ИЗРАЕЛ ГИ ПОЗДРАВИ НАПОРИТЕ ЗА ОТКРИВАЊЕ НА СТОРИТЕЛИТЕ

13/04/2026
Македонија

АДВОКАТОТ ТУФЕГЏИЌ ОСТРО ГО НАПАДНА СДСМ „Јадна и очајна опозиција,

13/04/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ГО ОСУДИ ПАЛЕЊЕТО НА ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА „Нема место за

13/04/2026
Македонија

Шест лица приведени за семејно насилство за Велигден, вкупно пријавени

13/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42436
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски му честиташе на Маѓар, очекува дека ќе продолжи соработката

13/04/2026

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски упати честитки до Петер Маѓар, лидерот на партијата Тиса, којашто победи вчера на парламентарните

Израелската амбасадорка со пофалби за брзата реакција на македонските власти

13/04/2026

Израелската амбасадорка во земјава, Вивиан Аисен упати благодарност до македонските власти за нивната брза и решителна реакција во врска со

🎥 СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ПРЕДУПРЕДУВА ДА НЕ СЕ НАЈДЕМЕ ИЗГУБЕНИ ВО ПРЕВОДОТ Во меѓународните судови се

13/04/2026

Во правото има нешто што се нарекува правен јазик, таму мора да има разбирање и меѓу судиите, јавните обвинители и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy