Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АМБАСАДОРКАТА НА ИЗРАЕЛ ГИ ПОЗДРАВИ НАПОРИТЕ ЗА ОТКРИВАЊЕ НА СТОРИТЕЛИТЕ Брзата акција е важна за спречување идни инциденти
Македонија

АМБАСАДОРКАТА НА ИЗРАЕЛ ГИ ПОЗДРАВИ НАПОРИТЕ ЗА ОТКРИВАЊЕ НА СТОРИТЕЛИТЕ Брзата акција е важна за спречување идни инциденти

13/04/2026

AA

Израелската амбасадорка во земјава Вивиан Аисен ги поздрави „решителните акции на македонските власти за истрага и повикување на одговорност на одговорните“ за обидот за опожарувањето на зградата на Еврејската заедница и синагогата во Скопјe.

Аисен, на мрежата Х ја респодели пораката на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со која тој го осудува обидот за опожарување.

„Ви благодарам, министре. Брзите и решителни акции на македонските власти за истрага и повикување на одговорност на одговорните за овој гнасен антисемитски чин се од суштинско значење за спречување на потенцијални идни инциденти“, напиша Аисен на Х.

Thank you, Minister. The swift and decisive actions of the Macedonian authorities to investigate and hold accountable those responsible for this despicable antisemitic act are essential to preventing potential future incidents. https://t.co/WSwTrDr9IU

— Vivian Aisen 🇮🇱 (@VivianAisen) April 13, 2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски го осуди обидот за опожарување на зградата на Еврејската заедница и синагогата во Скопјe, порачувајќи дека „нашето општество цврсто стои на ставовите за толеранција и мултиетнички соживот“.

„Опожарувањето на зградата на Еврејската заедница и синагогата во Скопјe – на Велигден – е крајно неприфатлив и силно осуден. Нема место за вакви дела во Македонија. Истрагата е во тек, а одговорните ќе бидат повикани на одговорност. Нашето општество цврсто стои на ставовите за толеранција и мултиетнички соживот“, напиша Муцунски.

МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– Во СВР Скопје, вчера изутрина во 07.22 часот, Ј.Ј. пријавил дека на улицата Апостол Гусларот во двор од верски објект забележал канистар за гориво и траги од горење, информираа од Министерството за внатрешни работи откако Еврејската заедница во Македонија синоќа извести за обид за опожарување на објект на Заедницата и на синагогата во Скопје.

– Веднаш по добиената пријава од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот – дополнуваат од МВР.

Еврејската заедница во Македонија синоќа соопшти дека бил извршен обид за опожарување на нејзиниот објект и синагогата, а амбасадорката на Израел Аисен во објава на социјалните мержи сподели видео од инцидентот и ги повика надлежните да го расветлат случајот.

Од Еврејската заедница во Македонија го осудија овој чин и упатија апел до надлежните органи за целосно расветлување на случајот и доследна примена на законите, како и за гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. И амбасадорката Аисен ги повика властите да ги изведат одговорните пред лицето на правдата.

– На 12 април, првпат во поновата историја, беше извршен обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата. Овој чин не е само напад врз еден верски објект, туку длабоко вознемирувачки удар врз темелните вредности на цивилизираното општество – соживотот, достоинството и заемната почит. Еврејската заедница како најмалубројна, но историски длабоко вкоренета заедница на овие простори уште од времето на Антиката отсекогаш го градела својот опстанок и придонес врз принципите на мир, солидарност и заедништво. Ние сме живееле посебно во нашите верски традиции, но заедно во секојдневието – рамо до рамо со сите наши сограѓани, споделувајќи ги и радостите и премрежјата на ова општество – се наведува во соопштението до медиумите потпишано од претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Пепо Леви.

Со особена загриженост, стои во известувањето, констатираат дека во последниве години се засилуваат појавите на говор на омраза, нетолеранција и опасно поистоветување на Евреите со сложените геополитички случувања на Блискиот Исток. Таквите тенденции, се посочува, не се само погрешни, туку и длабоко неправедни, и тие го отвораат патот за оживување на антисемитизмот – појава која човештвото одамна требаше да ја остави зад себе. 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44974
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел

12/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје Скопје официјално прогласија епидемија на Западнонилска треска во повеќе општини

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и локално невреме

12/08/2026

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку рудари

12/08/2026

Македонското рударство се соочува со парадокс: професијата станува сè подобро платена, но бројот на луѓето што работат во секторот значително

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy