
САД уште еднаш ги одложи санкциите кон српската НИС
Нафтената индустрија на Србија (НИС) денеска објави дека Министерството за финансии на САД издаде нова, специјална лиценца со која се одложува стапувањето во сила на целосните санкции на 2 април против компанијата.
Во изјавата компанијата упатува благодарност кон Владата на Србија и на другите домашни и странски институции кои го поддржаа ваквото барање до Министерството за финансии на САД.
НИС соопшти дека ги почитува законите на Србија и другите земји на чии пазари работи и дека нејзиното работење не придонело за воведување санкции, кои, како што наведува, ја загрозуваат работата на компанијата и социјалната стабилност на повеќе од 13.000 вработени.
Министерството за финансии на САД на 10 јануари презеде обемни мерки за исполнување на обврските на Г7 за намалување на руските енергетски приходи, што вклучуваше блокирање на два големи руски производители на нафта – Гаспромњефт и Сургутнефтегас.
Газпромњефт е мнозински сопственик на НИС.