Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Доналд Трамп не исклучува воена интервенција: Гренланд ќе го добиеме 100 проценти!
Македонија

Доналд Трамп не исклучува воена интервенција: Гренланд ќе го добиеме 100 проценти!

30/03/2025

AA

Американскиот претседател не се откажува од анексијата на Гренланд, а не исклучува ниту воена интервенција, иако смета дека тоа нема да биде потребно.

Американскиот претседател Доналд Трамп сè уште не ја исклучува можноста за преземање на Гренланд со помош на воена сила, а во саботата изјави дека има обврска да обезбеди сопственост на оваа Данска територија, која одбива да стане дел од САД.

„Ќе го добиеме Гренланд. О да, сто проценти“, рече Трамп во интервју за NBC News, само еден ден откако високи претставници на неговата администрација, вклучително и потпретседателот Џеј-Ди Венс, ја посетија американската воена база на островот.

Трамп потврди дека се разговарало за анексија на Гренланд, но дека сепак верува дека за тоа нема да биде потребна воена интервенција.

„Не, никогаш не исклучувам воена сила. Но, мислам дека има добри шанси да го направиме тоа без неа“, рече Трамп. „Ние имаме обврска да го заштитиме светот. Станува збор за светскиот мир и меѓународната безбедност. И додека јас сум претседател, тоа е моја одговорност. Не, не исклучувам ништо.

Венс ја критикуваше Данска за време на неговата посета во петокот, обвинувајќи ја земјата дека заостанала во однос на безбедноста и го оставила Гренланд отворен за инвазија од Русија и Кина. Тој ги охрабри Гренландците да се отцепат од Данска за да направат простор за САД да го преземат островот.

Тој им рече на новинарите потоа дека не сугерира промена во официјалната политика на администрацијата. Наместо тоа, тој нагласи дека Трамп верува дека воената сила нема да биде потребна за американското преземање на Гренланд.

„Ние не мислиме дека воената сила некогаш ќе биде потребна“, рече Венс во базата Питуфик.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДО 15 СТЕПЕНИ, А ПОТОА УТРИНСКИ МРАЗ Викендот носи утринска

04/11/2026
Македонија

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА БАРА КРЕАТИВНИ РЕШЕНИЈА ОД ЕУ Македонскиот идентитет не смее

04/11/2026
Македонија

📽️ „АЛБАНЦИТЕ НЕ ГИ ПУШТААТ ЖЕНИТЕ ДА СЕ БРУКААТ ПО

04/11/2026
Македонија

ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА МАНИПУЛАЦИИ СО Е-ИНДЕКСИТЕ ДОБИЈА ПРИТВОР Судот го прифати

04/11/2026
Македонија

СМРТНИ ЗАКАНИ, РАСПРАВИЈА И ПРИЈАВА ПРЕД ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Девојката

04/11/2026
Македонија

НА ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Ѝ ПРЕТХОДЕЛЕ СМРТНИ ЗАКАНИ И РАСПРАВИЈА

04/11/2026
Македонија

БРИСЕЛ ГИ ПРЕПОЗНА ЗАКОНСКИТЕ РЕФОРМИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО Позитивно оценети законите

04/11/2026
Македонија

КОРИДОРИТЕ 8 И 10 СЕ ВАЖНИ И ЗА ВОЕНАТА МОБИЛНОСТ

04/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46583
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Путин: Замрзнувањето на руските златни и девизни резерви на Запад не е кражба, туку грабеж!

26/06/2025

Можната конфискација на руските златни и девизни резерви замрзнати во западните банки е грабеж, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

Трамп: Нападот врз Иран беше како бомбардирање на Хирошима

25/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече споредбата меѓу американскиот воздушен напад врз Иран и фрлањето нуклеарни бомби врз Хирошима и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy