
САД СО „ТЕШКИ“ САНКЦИИ ПРОТИВ НАФТЕНАТА ИНДУСТРИЈА НА СРБИЈА: „Не сум го видел официјалниот документ “, Вучиќ со коментар
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека се
уште не го видел официјалниот документ со кој Соединетите Американски Држави
(САД) воведуваат санкции против Српската нафтена индустрија (НИС), но дека
преку „официјален канал“ бил информиран дека тоа ќе се случи на 1 јануари.
Вучиќ во гостувањето на Радио Телевизија на Србија (РТС)
рече дека вестите доаѓаат во тежок момент, но дека актуелната влада ќе
разговара со САД и Русија и ќе се потруди да одржува добри односи со двете
земји.
На прашањето дали одлуката Србија да воведе санкции кон
Москва нешто ќе промени, Вучиќ рече дека не е подготвен да разговара за тоа и
дека Србија ќе продолжи да води „принципиелна политика“.
Вучиќ синоќа најави дека за неколку дена САД ќе воведат
санкции против НИС поради руска сопственост, а на санкциите ќе им се придружат
и Британците.

