
САД повторно ги нападнаа Хутите: Цел на противбродски проектили
Ова е најновата воена акција против оваа група, која напаѓа товарни бродови во Црвеното Море
Американската војска денеска изврши нов напад врз Јемен, истрелувајќи противбродски балистички ракети на територијата контролирана од милитантните Хути, изјавија двајца американски претставници за Ројтерс.
Ова е најновата воена акција против оваа група, која напаѓа товарни бродови во Црвеното Море.
Официјалните лица, кои сакаа да останат анонимни, рекоа дека целеле четири противбродски проектили.
Претходно денеска имаше напад од територија под контрола на Хутите на грчки товарен брод кој пловел под знамето на Малта.
