Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 САД инвестираат во рударството за стратешки минерали, Македонија останува на маргините
Македонија

САД инвестираат во рударството за стратешки минерали, Македонија останува на маргините

23/12/2025

AA

Белата куќа планира серија „историски договори“ со американскиот рударски сектор, насочени кон зголемување на домашното производство на критични минерали неопходни за одбранбениот и високотехнолошкиот сектор, потврдуваат извори блиски до администрацијата на Доналд Трамп.

Како дел од оваа стратегија, во текот на годинава финансиска поддршка добија MP Materials, Lithium Americas и Trilogy Metals. Со овие мерки, САД настојуваат да ја зајакнат контролата врз синџирите на снабдување со литиум, ретки земни метали и други стратешки суровини, со јасна намера да се намали зависноста од Кина, која доминира на глобалниот пазар на овие минерали.

„Она што сакаме да го видиме е САД да не се потпираат на ниту еден противник или на кој било друг странски субјект, дека ние самите ја контролираме нашата судбина кога станува збор за нашиот синџир на снабдување и нашите критични минерали“, изјави Џарод Аген, извршен директор на Националниот совет за енергетика во Белата куќа.

Според него, во првата година од мандатот на Трамп патот е поплочен за уште поголеми инвестиции во рударскиот сектор.

„Во текот на мандатот на оваа администрација ќе видите историски договори кога станува збор за критичните минерали, историски партнерства со приватниот сектор, а потоа и вистинска ревитализација на рударството во оваа земја“, истакна Аген на конференцијата за критични минерали организирана од Центарот за стратешки и меѓународни студии.

Како што пишува Ројтерс, Аген, кој претходно имал висока позиција во компанијата за одбранбена опрема „Локхид Мартин“, вели дека Трамп има цел што поскоро да започнат со работа рударските проекти во Аљаска и во Аризона, каде се градат едни од најголемите рудници за бакар во светот.

Бакарот се најде на листата на критични минерали на САД, а претседателот Трамп одлучи да го забрани неговиот извоз и да ги зголемува резервите. Оваа негова одлука сега значително влијае на цената на бакарот на светско ниво.

Бакарот на Лондонската берза на метали достигна рекордно високо ниво од 11.952 долари во петокот поради загриженоста за слабото снабдување, но и од растот на употребата на вештачката интелигенција. Како што пишува Бизнис инсајдер“ цените на бакарот повторно експлодирале на рекордно високо ниво, не затоа што светот снемува од металот, туку делумно затоа што САД собираат толку многу резерви што сите останати се борат за она што останало. Од почетокот на годинава, бакарот поскапел за скоро 35%. 

Аналитичарите предвидуваат недостиг на пазарот на бакар од 124.000 тони оваа година и 150.000 тони следната година. Побарувачката за бакар е поттикната од глобалните инвестиции во модернизацијата и проширувањето на електропреносните мрежи, а енергетската транзиција, која вклучува технологии за обновлива енергија како што се ветерниците и фотоволтаиците, исто така ќе ја зголеми потребата за бакар.

Од друга страна, Македонија не може да се пофали дека фатила темпо со светските трендови. Според истражувања на геолозите Македонија поседува големи количества на бакар, а тоа се потврдува и во предлог текстот на Стратегијата за минерални суровини која ја изготви МАНУ. Сепак, нереализирани останаа повеќе инвестиции, меѓу кои и на Кожуф и во Казандол. Засега единствена инвестиција во рудник за бакар е во Иловица, иако компанијата инвеститор во минатото се пожали на правна несигурност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy