Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Загадувањето нема да ги скрати учебните денови – учениците ќе одат на настава
Македонија

Загадувањето нема да ги скрати учебните денови – учениците ќе одат на настава

23/12/2025

AA

Наставата во учебната 2025/2026 година ќе се одвива според планираниот календар, а учениците ќе ја следат до крајот на месецов пред почетокот на зимскиот распуст, без предвремено скратување на учебните денови поради загадениот воздух.

Министерката за образование, Весна Јаневска, денеска изјави дека во моментов нема информации дека здравјето на учениците е загрозено и дека не претставува проблем доколку од здравствени причини отсуствуваат ден-два од настава. Таа нагласи дека треба да се избегнуваат негативните практики од минатото, кога учебните денови се скратувале од различни причини.

„Жал ми е што морам да направам груба споредба, но во некои европски земји децата и кога имаат грип, и во градинки и на училиште, одат на настава се додека нивното здравје не е загрозено. Ова го истакнувам за коментарите дека нашите деца многу учат и се оптоварени – не, не се. Доколку здравјето им е во прашање, лекарите и родителите ќе одлучат за тоа, но ако не е ништо сериозно, отсуството од ден-два не е проблем. Би било проблем, како што се случувало во минатото, да ги скратуваме учебните денови или да отсуствуваат учениците поради одмор или подготовки за писмени. Тие негативни појави полека ќе треба да ги отстраниме. Но, секогаш ќе одлучуваме во корист на здравјето на учениците“, рече Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Економскиот факултет на УКИМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Трагедија во струмичко: Маж починал по пад во шахта во

19/01/2026
Македонија

ПО КРСТОВИТЕ ЌЕ СЕ СКОКА ПО СТУДЕНО И ОБЛАЧНО ВРЕМЕ

19/01/2026
Македонија

🎥 ПРАВОСЛАВНИТЕ ГО СЛАВАТ БОГОЈАВЛЕНИЕ, ОСВЕТЕНИ МАКЕДОНСКИТЕ ВОДИ Драган Митровиќ

19/01/2026
Македонија

Жена со тврд предмет го истепала соседот во Долно Лисиче!

19/01/2026
Македонија

НЕ СЕ ЗНАЕ КАДЕ Е СУДИЈАТА ШТО „ВГРАДИЛ“ 350.000 ЕВРА

19/01/2026
Македонија

РЕШИ ДА СЕ ПОСВЕТИ НА НАУКАТА И НА СЕМЕЈСТВОТО Заменикот

19/01/2026
Македонија

Петтоодделенецот Дамјан Стефановски го фати светиот крст во Дебар

19/01/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова на Водици во Охрид и во Струга: На најсреќните

19/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40354
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во струмичко: Маж починал по пад во шахта во сопствениот двор

19/01/2026

Шеесет и шестгодишен маж со иницијали К.Г. е пронајден починат вчера во струмичкото село Радичево. Според информациите од МВР, несреќниот

ПО КРСТОВИТЕ ЌЕ СЕ СКОКА ПО СТУДЕНО И ОБЛАЧНО ВРЕМЕ Температурите нема да надминат 6

19/01/2026

Денеска изутрина времето ќе биде малку до умерено облачно и студено, а во текот на денот сончево со умерена облачност.

🎥 ПРАВОСЛАВНИТЕ ГО СЛАВАТ БОГОЈАВЛЕНИЕ, ОСВЕТЕНИ МАКЕДОНСКИТЕ ВОДИ Драган Митровиќ го фати крстот во Скопје,

19/01/2026

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy