
Сабицер се врати во Минхен по заемот во Јунајтед, па Баерн му стави цена за продажба
Според последните информации Сабицер е достапен за трансфер за најмалку 15 милиони евра, иако Баварците се надеваат дека во зависност од заинтересираните клубови може да извлечат уште некој милион повеќе, најмалку на бонуси и севкупно да дојдат до 17-18 милиони евра.
Сабицер не се наметна во Минхен, иако беше донесен како големо засилување, а наводно интерес за него има и од шпанска Барселона, но финансиските проблеми се пречка за малку пари да добијат одличен играч за врска.

