Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДРАМА ВЕЧЕРВА НА ВОДНО: Жената со две малолетни деца побарала итна помош
Македонија

ДРАМА ВЕЧЕРВА НА ВОДНО: Жената со две малолетни деца побарала итна помош

01/07/2023

AA

Вечерва, во 20.03 часот на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена порака дека на врвот на Водно кај жичницата, останале лица кои барале помош: жена со две малолетни деца, заради тоа што задоцниле да се вратат и немале и не знаеле друг начин за да се симнат надолу кон Средно Водно, а жичницата повеќе не работела и мракот веќе не им дозволувал да се движат безбедно.

Од страна на Регионалниот ЦУК Скопје, веднаш било стапено во контакт со одговорното лице од ЈСП Скопје и е добиена информација дека жичарата веке е затворена и дека не може повторно да се активира.

Потоа, дежурните од Секторот за операции и координација во ЦУК, биле во постајана комуникација со госпоѓата, со генералниот секретар на Црвениот Крст и со други можни субјекти коишто можат да помогнат при вакви ситуации.

Согласно ситуацијата, а и можности за помош, по куса координација, била решена ситуацијата со задоцнетите посетители на врвот на Водно над Скопје.

Конкретно, со службен џип на Армијата, којшто бил во околината, тие биле пронајдени и превезени до нивното возило на Средно Водно.

По 21.00 часот од страна на жената со двете дечиња е добиена информација во ЦУК дека истата безбедно е веќе во нејзиното возило со двете дечиња и дека возејќи се спушта надолу кон својот дом во градот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гори двокатен автобус на Средно Водно

30/08/2026
Македонија

Куќата на Ивана Кнез за малку ќе изгореше во пожар:

30/08/2026
Македонија

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови

29/08/2026
Македонија

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе

29/08/2026
Македонија

Татко пријави семејно насилство во Скопје: Малолетно дете со страв

29/08/2026
Македонија

Мотоцикл на МВР се судри со „Ауди“ во Пробиштип, повреден

29/08/2026
Македонија

Во деловен објект во Центар фрлена запалива течност, оштетена фасада

29/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45334
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гори двокатен автобус на Средно Водно

30/08/2026

Чадот кој е видлив од Скопје на планината Водно е од запален двокатен автобус, соопшти директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.

Куќата на Ивана Кнез за малку ќе изгореше во пожар: „Во прашање беа 20 секунди,

30/08/2026

Модната креаторка Ивана Кнез на социјалните мрежи откри дека нејзиниот дом за малку ќе бил зафатен од пожар кој се

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови од градот

29/08/2026

Големо невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и покрупен град се движи северозападно од Куманово. Постои можност невремето да

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy