Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сајкоски: Формирањето на на македонската револуционерна организација и Илинденското востание ја докажува нашата посебност и борба за автономија
Македонија

Сајкоски: Формирањето на на македонската револуционерна организација и Илинденското востание ја докажува нашата посебност и борба за автономија

18/03/2023

AA

„Голема благодарност на сите што сте денес тука во Велес, да се слушнеме, да поразговараме на теми кои што се наметнаа изминатиов период и кои што посегнаа по нашата посебност, по нашиот јазик, по нашата култура, историја. И кои што за жал не се првпат отворени, меѓутоа со склучувањето на договорот со Бугарија како да се отвори една Пандорина кутија, која што почна да отвора проблем по проблем, и секогаш одеше на штета на нас како македонски народ и македонска држава“, истакна Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на трибината насловена „Македонскиот јазик е континуитет и заедничка борба“, организирана од Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ во Велес. Денешна трибина е по повод настан кој што се случува пред 81 година, поточно на 14-ти март 1942 година кога Велешките гимназијалци се побунуваат не сакаат да учат на бугарски јазик, сакаат да учат на свој мајчин македонски јазик.

Сајкоски додаде дека Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ со организирање на овие трибини ќе допре до македонските граѓани. Македонија има своја посебност како држава.

„Чудно е што во овој момент ни се случуваат такви настани и зошто бугарската држава со сегашната администрација врши негирање на македонскиот јазик, македонската посебност, македонската култура. А, знаеме ние дека денес навршуваме 130 години од формирањето на македонската револуционерна организација, ако знаеме дека денес ние имаме 120 години од Илинденското востание. И формирањето на македонската револуционерна организација, и Илинденското востание, ја докажува нашата посебност и нашата борба за автономија за посебна држава во која што ќе живее македонскиот народ“, нагласи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека на Берлински Конгрес 1878 година се разговарало за македонското прашање.

Сајкоски рече дека бугарската држава треба да ги осуди политиките на нивната администрација која што ги водела од 1941 – 1945 година.

„Но, за жал Бугарија сака нас да не нападне и бугарската администрација сегашна само не напаѓа нас, меѓутоа тоа е затоа што сегашната Влада потпиша еден договор, при што не водеше сметка за нашата посебност, нашата историја, за нашето постоење. Потпиша договор кој што сега ни прави од чекор во чекор проблеми и ние се соочуваме секојдневно со некој проблем, некое негирање што е резултат на тој договор кој што го потпишаа“, нагласи Сајкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy