Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Два проекти и 8,2 милиона денари за спас на црквата на Трескавец
Македонија

Два проекти и 8,2 милиона денари за спас на црквата на Трескавец

18/03/2023

AA

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ на Трескавец до крајот на октомври треба да биде заштитена од влагата, најголемата опасност да се уништи непроценливото културно богатство кое е на листата на светски загрозените. Паралелно започнува и проектот за санација и реставрација на фрескоживописот и на целата градба на осумвековната црква.

Министерството за култура за овие проекти на прилепскиот Завод и музеј му даде 8,2 милиона денари.

Горан Цветкоски, директор на прилепскиот „Завод и музеј“ објаснува дека хидрогеолошките истражувања и реализацијата на проектот се клучни за заштита на Црквата на Трескавец, зашто влагата од која најмногу се оштетени источниот и северниот ѕид е алармантна и достигнува 60, па и до 80 проценти.

– Моментално работиме на проектот за хидрогеолошките истражувања, клучен и значаен за Црквата. Во постојан контакт сме со фирмата која ќе го изработува проектот и ќе го реализира. Чекаме да го доставиме проектот до Министерството и до Управата за заштита на културното наследство, така што за брзо може да почнеме со реализација. Затоа, може да се пофалиме дека ќе почнеме со реализација на хидрогеолошките истражувања во манастирскиот комплекс кои за мене се основа за да продолжиме понатаму. Хидрогеолошките истражувања се значајни за состојбата на влагата поради водата која навлегува во Црквата со која се оштетени ѕидовите. Најмногу се оштетени источниот и северниот ѕид од водата која навлегувала од врвот Златоврв. Со самата интервенција, со работата на хидрогеолошките истражувања ќе завршиме голема работа и ќе ја олесниме работата на реставрацијата и заштитата и на фрескоживописот во Црквата, но и на трпезаријата кои се засегнати. Влагата достигнува од 60, па до преку 80 насто и се надевам дека полека ќе ја отстраниме, објаснува Цветкоски.

За заштита ќе се копа длабок канал за дренажа на водите. Хидрогеолошките истражувања и реализацијата имаат рок до крајот на октомври. Сето зависи од временската состојба.

– Гаранцијата ја имаме дека со изведбата на таков дренажен канал кој би бил со голема длабочина, од 3 до 4 метри, би ги насочиле водите кои слегуваат од Златоврв да излезат по страните на Манастирот, да може да ги изведеме на јужната страна и да излезат од манастирскиот комплекс за да не прават повеќе проблеми. Изведувачот се заложува да го заштити дренажниот канал кој ќе биде во комбинирана форма, отворен и затворен дел. Се надевам дека ќе биде како што треба, во предвидениот рок ќе ја завршиме работата. Крајно време е зашто се доцни со тоа, вели Цветкоски.

Проектот за реставрација и реконструкција на Црквата е во завршна фаза и треба да биде готов до септември. Добиена е тендерската документација. Го работи стручен тим составен од претставници од ИЗИС, од градежниот факултет од Скопје, од прилепскиот Завод и музеј, а како консултант е професорот од Грција Препис.

– Стручниот тим деновиве беше на самото место, ги констатира проблемите и се надевам дека до крајот на август и почетокот на септември ќе биде готов проектот за санација и реконструкција на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ на Трескавец. Работите на овој проект ќе течат наредната година, смета директорот на прилепскиот „Завод и музеј“, Горан Цветкоски.

По десет години од последниот пожар што ги пеплоса конаците на Трескавец, тие се речиси четири години целосно обновени но не може да се стават во функција зашто не е направен технички прием. Приемот го кочи неизградената пречистителна станица за што со години има проект и одвоени средства. Најавите на локалните власти е дека годинава ќе се гради.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИЗВАДИЛ ПОТВРДА ОД ЛЕКАР-ДОНАТОР НА СДСМ Манасиевски за

23/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната

23/09/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ

23/09/2026
Македонија

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е

23/09/2026
Македонија

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА

23/09/2026
Македонија

ПОКРЕНАТА ИСТРАГА ЗА НАПАДОТ ВРЗ ГИНЕКОЛОГОТ ОГНЕНОВИЌ Напаѓачот доби забрана

23/09/2026
Македонија

СОСТАНОК НА ЕУ СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЊУЈОРК

23/09/2026
Македонија

СЕ ВОДАТ НА БОЛЕДУВАЊЕ, А РАБОТАТ НА ДРУГО МЕСТО ИЛИ

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45757
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИЗВАДИЛ ПОТВРДА ОД ЛЕКАР-ДОНАТОР НА СДСМ Манасиевски за вештиот наод за нанесена душевна

23/09/2026

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски беше гостин во емисијата „Колегиум“, на телевизија Алфа и се осврна на темата за поранешниот

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната соработка и добрососедските односи

23/09/2026

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска во Њујорк, каде заедно со делегацијата што ја предводи присуствува на Генералното собрание на ОН

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ ОДГЛЕДУВАЧИТЕ НА МАРИХУАНА Тошковски изнесе

23/09/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска им се заблагодари на полициските службеници од Струмица за успешната акција во која

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy