
Сѐ уште се бара исчезнатиот маж од Лозово – заминал на работа во Скопје и не се вратил дома!
Сѐ уште трае потрагата по исчезнат маж од село Лозово, кој не се вратил дома откако на 24 јули заминал на работа во Скопје.
Случајот бил пријавен на 12 септември 2025 година во Полициската станица Свети Николе од неговата сестра Д.М. (43), која навела дека нејзиниот брат Д.М. (46) повеќе не се појавил, ниту се јавил на своето семејство.
Од семејството испратија негова фотографија и апелираат до сите граѓани – доколку некој го има видено или располага со информации за исчезнатото лице, веднаш да се јави во најблиската полициска станица.
Надлежните органи преземаат мерки за негово пронаоѓање.