Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЀ ПОМАЛКУ И ПОМАЛКУ НЕВРАБОТЕНИ – нов пад на лицата кои бараат работа, годината ја завршивме со рекорд
Економија

СЀ ПОМАЛКУ И ПОМАЛКУ НЕВРАБОТЕНИ – нов пад на лицата кои бараат работа, годината ја завршивме со рекорд

24/01/2025

AA

Најновите
податоци на Агенцијата за вработување покажуваат дека последниот месец од
минатата година сме ја завршиле со најмал број на невработени граѓани во
последниве години. Имено на бројот на невработени се намалил на само 96.828 лица,
и уште 44.118 други лица кои бараат работа.

За споредба, на
почетокот на 2024 година, или во месец јануари имаше 105.803 невработени граѓани,
и уште 46.881 други баратели на работа.
Неколку месеци дури имаше и раст на
невработените, па нивниот број се покачи на 106.618 невработени и 47.273 лица
кои бараат работа. Но, потоа следеше бран на постојано намалување на невработените
граѓани кои се пријавуваат во Агенцијата за вработување, со што на крајот на
годината е достигнат нов „пик“.

Аналитичарите на Институтот
за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“ во нивниот последен макроекономски
монитор укажаа дека намалувањето на невработенсота е позитивен сигнал, и
потенцираа дека најголем дел од новите работни места се создадени во земјоделскиот сектор
и во индустријата.

– 
Невработеноста во третиот
квартал од 2024 понатамошно благо се намали на 12,3 отсто. Во овој квартал
продолжува намалувањето на воздржаноста на пазарот на трудот, имајќи предвид
дека се креирани близу 7.000 нови работни места, а активноста на населението се подобри (52,6 проценти).

Сепак, забележливо е дека
најголем дел од работните места се создадени во земјоделството и индустријата,
додека растот на додадената вредност во трговијата не е проследен со нови
работни места
, бидејќи таму бројот на работници е намален и во однос на претходниот
квартал и во однос на истиот квартал од 2023– нагласуваат од „Фајненс тинк“.

Податоците на
Агенцијата за вработување покажуваат дека меѓу невработените има и 20 доктори
на науки, 564 магистри на науки, како и скоро 6.000 граѓани со високо образование
кои се во потрага по работа.

Убедливо најголем
група на граѓани без работа се оние кои имаат и најниско образование, односно
категорија на граѓани кои се без образование или само со основно образование.
Таму има дури 59 илјади трагачи по работа,
додека со непотполно средно
образование работа бараат скоро осум илјади граѓани. Голем број граѓани со
завршено средно образование исто така се борат да најдат работа, туку има дури
22.811 лица кои бараат работа.

П.О. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy