Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Рускиот претседател Владимир Путин денеска упати нуклеарно предупредување до Западот
Македонија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска упати нуклеарно предупредување до Западот

21/02/2023

AA

Рускиот претседател Владимир Путин денеска упати нуклеарно предупредување до Западот, со тоа што го суспендираше го билатералниот договор СТАРТ за контрола на нуклеарното вооружување, објавувајќи дека новите стратешки системи се ставени на борбена должност и предупредувајќи дека Москва може да продолжи со нуклеарните тестови, пренесе Би-би-си.

За време на говорот до нацијата, речиси една година од денот кога издаде наредба за инвазија на Украина што ја предизвика најголемата конфронтација со Западот од крајот на Студената војна, Путин рече дека Русија ќе ги постигне своите воени цели и го обвини Западот дека се обидува да ја уништи Русија.

„Елитите на Западот не ја кријат својата цел. Но, исто така, не можат да не сфатат дека е невозможно да се победи Русија на бојното поле“, рече Путин пред политичката и воената елита на неговата земја.

Путин рече дека Русија го суспендира учеството во новиот договор СТАРТ, кој е последниот голем договор за контрола на стратешкиот нуклеарен арсенал меѓу Москва и Вашингтон.

СТАРТ го ограничува бројот на нуклеарни боеви глави што можат да ги распоредат двете најголеми нуклеарни сили во светот и треба да истече во 2026 година.

„Принуден сум денеска да објавам дека Русија го суспендира своето учество во Договорот за намалување на стратешкото оружје“, рече Путин.

Рускиот лидер, без да наведе докази, рече дека некои луѓе во Вашингтон размислуваат за продолжување на нуклеарните тестирања. Затоа, руското Министерство за одбрана и нуклеарната корпорација треба да бидат подготвени да тестираат руско нуклеарно оружје доколку е потребно, рече тој.

По изјавата на Путин, реагираше генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кој рече дека жали за одлуката на Русија и ја повика Москва да го преиспита решението. На заедничката прес-конференција со шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеб и шефот на европската дипломатија Жосеп Борел, Столтенберг изјави дека „Русија е агресорот“.

„Претседателот Путин ја започна оваа империјалистичка, освојувачка војна. Денеска јасно стави до знаење дека се подготвува за уште војна. Путин не смее да победи. Тоа би било опасно за нашата безбедност и за целиот свет. Жалам поради одлуката на Русија да го прекине учеството во програмата Нов почеток“, рече Столтенберг.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан тврдењето на Путин го окарактеризира како „апсурдно“.

„Апсурдно е да се мисли дека Русија е изложена на некаква форма на воена закана од Украина или од кого било друг“, изјави Саливан за Франс-прес.

„Најавата на Русија дека го суспендира учеството во новиот СТАРТ е длабоко неумесна и неодговорна“, им рекол државниот секретар Антони Џ. Блинкен на новинарите што патувале со него во Атина. Тој рекол дека Соединетите Американски Држави се „подготвени да разговараат за ограничувањата на стратегиското оружје во секое време со Русија, без оглед на сѐ друго што се случува во светот или во нашите односи“, истакна советникот за националната безбедност на САД.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ПЛАТЕНИ ПОДЕЛБИ ВО СДСМ Според Филипче во

12/02/2026
Македонија

ОБЛАЦИ, ДОЖД И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 14 СТЕПЕНИ Променливото време ќе

11/02/2026
Македонија

Стрелките на часовникот ќе одат еден час нанапред – подгответе

11/02/2026
Македонија

„НЕ САМО ШТО СЕ ПОВРЗАНИ СО ДРОГАТА, ТУКУ И ПРЕТЕРАНО

11/02/2026
Македонија

НЕ, ТОА БИ БИЛО РАДИКАЛНО Владата не размислува да забрани

11/02/2026
Македонија

Моја немам, ја користам колата од родителите рече Касами и

11/02/2026
Македонија

Касами утре одлучува за својата позиција во Владата

11/02/2026
Македонија

„Кучињата го влечеа детето 200 метри“: Вујкото на искасаното дете

11/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41354
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Путин: Замрзнувањето на руските златни и девизни резерви на Запад не е кражба, туку грабеж!

26/06/2025

Можната конфискација на руските златни и девизни резерви замрзнати во западните банки е грабеж, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Трамп до Израел: Вратете ги вашите пилоти дома, веднаш!

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати итна порака до Израел во која го повикува да ги запре планираните воздушни напади.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy