
РУСКИ ВОЕН АВИОН ПАЃА КАКО СТРЕЛА! Првата снимка од авионот што се урна на границата со Украина, загинаа 74 лица
Руски воен транспортен авион Ил-76 се урна во регионот на границата со Украина , при што загинаа 74 лица.
Авионот се урна во регионот на Белгород, а на снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како леталото се свртува надолу пред да се урне и да исчезне од погледот.
Да потсетиме дека загинале најмалку 74 лица , според руските извештаи кои се однесуваат на Министерството за одбрана.
Убиени се најмалку 65 украински воени заробеници, соопшти руското Министерство за одбрана. Новинската агенција Риа Новости објави дека во рускиот авион имало уште девет лица , меѓу кои и шест членови на екипажот.
