Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Руски дипломат живее во контејнер спроти австралискиот парламент: Полицијата не може да го уапси поради имунитетот
Македонија

Руски дипломат живее во контејнер спроти австралискиот парламент: Полицијата не може да го уапси поради имунитетот

23/06/2023

AA

Руската Федерација имаше намера да ја изгради својата нова амбасада на земјиште во непосредна близина на зградата на австралискиот парламент во Канбера, но минатата недела австралиските власти донесоа закон по итна процедура што ги спречува Русите да го сторат тоа. Како објаснување се наведува можната закана за националната безбедност и со оглед на близината на парламентот, опасноста од шпионски активности.

Сепак, земјиштето сè уште е во сопственост на Русија, а амбасадата се жалеше до Високиот суд, тврдејќи дека донесувањето закон со кој де факто ќе се укине киријата на Русите не е во согласност со уставот. Уште пред да ја поднесе жалбата, руски дипломат се појави на земјиштето и се пресели во трошен контејнер поставен на ливадата.

Се чини дека неговата намера е да ги спречи Австралијците да ја преземат контролата над имотот, а локалните фоторепортери со денови го снимаат како се шета низ контејнерот на студ, честопати пуши цигара, но одбива да одговори на прашањата на печатот.

Австралискиот премиер Ентони Албанес го нарече дипломатот сквотер, што е термин што се користи за да се однесува на луѓе кои окупираат напуштени згради или земјиште и нелегално се населуваат таму. „Некој човек што стои на ливада не претставува закана за нашата национална безбедност што би ја претставувала руската амбасада доколку се изгради таму“, рече тој, додавајќи дека е убеден дека руската жалба ќе биде отфрлена на суд.

Неидентификуваниот дипломат го следи австралиската полиција, но не може да го уапси бидејќи се уште има дипломатски имунитет. „Австралија ќе се залага за вредностите што ги претставуваме, како и за нашата национална безбедност“, рече понатаму Албанес и повтори дека овој човек не е закана. „Локацијата е безбедна“, посочи тој.

Руската страна, инаку, најавата за носење на законот за спречување на изградбата на зградата на амбасадата ја нарече дел „русофобна хистерија“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
Македонија

СДСМ ПОКАЖА ДЕКА НЕМА ДЕМОКРАТСКИ КАПАЦИТЕТ Бендевска за бојкотот на

30/09/2026
Македонија

НОВИТЕ АВТОБУСИ ЌЕ ИМААТ НАЈМАЛКУ 33 СЕДИШТА И КАПАЦИТЕТ ЗА

30/09/2026
Македонија

СЕ ПРАВАТ НОВИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКИОТ СТАНДАРД Јаневска

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45900
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Путин: Замрзнувањето на руските златни и девизни резерви на Запад не е кражба, туку грабеж!

26/06/2025

Можната конфискација на руските златни и девизни резерви замрзнати во западните банки е грабеж, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy