Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Русите случајно со авион го нападнале нивниот град
Македонија

Русите случајно со авион го нападнале нивниот град

21/04/2023

AA

Руски воен авион случајно испука муниција врз градот Белгород во близина на границата со Украина во четвртокот доцна навечер, предизвикувајќи експлозија и оштетувајќи згради, јави руската новинска агенција Тас, цитирајќи го Министерството за одбрана.

Локалните власти известија за голема експлозија во градот веднаш преку границата со Украина. Регионалниот гувернер рече дека две жени се повредени.

„Додека авионот Сухој Су-34 на воздухопловните сили летал над градот Белгород, дошло до случајно испуштање на авијациска муниција“, соопшти Тас, објавувајќи го соопштението на Министерството за одбрана.

Су-34 е суперсоничен ловец-бомбардер. Не беше кажано за какво оружје станува збор.

Министерството соопшти дека некои згради се оштетени и најави дека истрагата е веќе во тек, наведува руската агенција, а пренесува Ројтерс.

Гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, објавувајќи вонредна состојба, на Телеграм изјави дека на една од главните улици има кратер од 20 метри, без да прецизира што го предизвикало. Оштетени се четири автомобили и четири станбени згради, додаде тој.

На видеата од местото на настанот се гледаат купишта бетон на улицата, неколку оштетени автомобили и зграда со скршени стакла. На едно од видеата се гледа автомобил наопаку на покривот на една продавница.

Регионот Белгород е еден од неколкуте делови на јужна Русија каде цели како што се складишта за гориво и муниција беа потресени од експлозии од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Израел и Иран официјално потврдија дека го прифаќаат прекинот на огнот

24/06/2025

Израел и Иран денес официјално потврдија дека го прифатиле договорот за примирје предложен од американскиот претседател Доналд Трамп, со цел

Катар го осуди иранскиот ракетен напад врз американска база

23/06/2025

Катар остро го осуди иранскиот ракетен напад врз американската воздухопловна база Ал-Удеид, оценувајќи го како груби кршење на суверенитетот и

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy