
Русите може да играат на Вимблдон, но само под еден услов!
Организаторите на Вимблдон им порачаа на руските и белоруските тенисери да не истакнуваат знамиња и симболи на своите држави, а исто така се бара да ги прекинат договорите со компаниите од своите земји.
„Овие правила мора да се почитуваат за време на турнирот. Причина за овој потег е тоа што руската тенисерка Вероника Кудерметова е спонзорирана од страна на нафтена компанија која е под санкции од Европската унија“, велат организаторите.