
РУСИЈА НЕ СЕ ШЕГУВА: Одлуката е конечна
ПРВИОТ заменик постојан претставник на Русија во Обединетите нации, денеска соопшти дека одлуката за раскинување на договорот за жито е конечна.
– Да, одлуката е конечна – изјави Пољански на новинарите во Њујорк.
На прашањето дали ќе има дополнителни разговори на оваа тема, рускиот дипломат рече: „Колку што знам, нема да има“.
Претходно денеска Русија го прекина учеството во Црноморскиот договор за извоз на жито, велејќи дека раскинувањето на договорот не е поврзано со вечерашниот напад на мостот на Крим.
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека раскинувањето на договорот подразбира повлекување на гаранциите за безбедноста на пловидбата, како и стеснување на поморскиот хуманитарен коридор и затворање на заедничкиот координативен центар во Истанбул.
Тие наведуваат дека „без учество на Русија, Црноморската иницијатива ќе престане да функционира од утре, 18 јули“,
и дека „дојде време да се покаже декларирана солидарност со европските сојузници на Киев, кои можат да извезуваат украинска храна преку копнени коридори“.
