Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Собранието го продолжи рокот за бесправно изградените објекти до 2031 година
Македонија

Собранието го продолжи рокот за бесправно изградените објекти до 2031 година

19/02/2026

AA

Собранието денеска го усвои продолжувањето на рокот за постапките поврзани со бесправно изградените објекти, со што граѓаните кои веќе поднеле документација ќе имаат дополнителни пет години за завршување на своите постапки. Законот за изменување на Законот за постапување со бесправно изградените објекти беше донесен по скратена постапка на 85. седница, со 67 гласови „за“, пет „против“ и без воздржани.

Со измените, рокот се продолжува до 2031 година и се однесува исклучиво на објекти изградени до 2011 година. Формално, законските измени не отвораат можност за поднесување на нови барања, туку имаат за цел довршување на постапките што веќе се водат пред општините.

Иницијативата за продолжување на рокот беше поддржана од ЗЕЛС. Во барањето доставено до Собранието и Владата, Управниот одбор на ЗЕЛС наведува дека голем дел од постапките не биле завршени поради судски спорови, наследни и имотно-правни прашања, како и други непредвидени околности. Продолжувањето на рокот има цел само да овозможи завршување на започнатите предмети, без отворање на нови постапки.

Првично, Законот за постапување со бесправно изградените објекти беше донесен во 2011 година. Со денешните измени, во членот 5 се заменуваат зборовите „петнаесет години“ со „дваесет години“, со што се продолжува времетраењето на процесот на озаконување.

Од парламентарното мнозинство нагласуваат дека станува збор за техничко продолжување, со цел да не се прекинат илјадници предмети кои се наоѓаат во разни фази на постапка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АЛАРМ ЗА ТОПОЛ БРАН: Следува сончево и многу топло време

30/07/2026
Македонија

Во Гостивар 73 пациенти побарале лекарска помош, четворица хоспитализирани

30/07/2026
Македонија

Полициска акција во гостиварско: Приведени 15 странски државјанки

30/07/2026
Македонија

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над

30/07/2026
Македонија

Возел 204 километри на час на автопатот кај Смоквица: Приведен

30/07/2026
Македонија

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања во јули

30/07/2026
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44756
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АЛАРМ ЗА ТОПОЛ БРАН: Следува сончево и многу топло време – температурите ќе надминат 40

30/07/2026

Под влијание на изразено топла воздушна маса што пристигнува од југ, нашата земја ја зафаќа нов топлотен бран. За време

Во Гостивар 73 пациенти побарале лекарска помош, четворица хоспитализирани

30/07/2026

Вкупно 73 граѓани вчера побарале медицинска помош во јавните здравствени установи во Гостивар, информираат од надлежните служби. Во Општата болница

Полициска акција во гостиварско: Приведени 15 странски државјанки

30/07/2026

Две лица се лишени од слобода, а 15 странски државјанки се приведени во полициска акција спроведена во два угостителски објекти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy