Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Русија го казни уредникот на весникот „Новаја газета“ за „дискредитација на армијата“
Македонија

Русија го казни уредникот на весникот „Новаја газета“ за „дискредитација на армијата“

03/03/2024

AA

Руските власти денеска го казниле новинарот Сергеј Соколов, уредник на весникот „Новаја газета“ поради дискредитација на армијата, откако претходно бил приведен, објави весникот, цитиран од Ројтерс.

Случајот се однесува на статија објавена во Новаја Газета во декември 2023 година и насловена „Ничии момчиња“, која се однесува на руски сирачиња кои потпишале воени договори да се борат во Украина, соопштија руските власти.

Новаја газета во своето старо онлајн издание објави дека причината за приведувањето на Соколов е прикажувањето на руската армија во написот, но не наведе повеќе детали.

Окружниот суд во Москва подоцна го казни Соколов со 30.000 рубли (327,88 долари) откако беше прогласен за виновен за омаловажување на руските вооружени сили, што е административен прекршок.

ТАСС објави дека Соколов „објавил материјал на каналот „Новаја газета“ во Телеграм, во кој има „знаци на вербална дискредитација на акциите“ на армијата.

Новаја Газета е позната по своите истраги, кои понекогаш се насочени кон Кремљ, владините политики и високи поединци.

Поранешниот главен уредник на весникот, Дмитриј Муратов, добитник на Нобеловата награда, поднесе оставка во септември откако властите го означија како „странски агент“, етикета што Москва ја користи за луѓе за кои вели дека работат против руските државни интереси.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy