Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Руне го збриша Алкараз за прва титула во Барселона
Спорт

Руне го збриша Алкараз за прва титула во Барселона

20/04/2025

AA

Данскиот тенисер Холгер Руне првпат во кариерата ја освои титулата на турнирот во Барселона откако во денешното финале го совлада Карлос Алкараз со 2-0 (7-6, 6-2).

Втора година по ред, титулата од овој турнир нема да оди во рацете на шпански тенисер и покрај тоа што Алкараз имаше можност да ја врати доминацијата на својата земја. Во 21. век, 12 титули освои Надал, две Алкараз, по една Вердаско, Робредо и Моја, а само понекогаш ќе се појавеше некој странец како Гаудио, Нишикори, Тим или лани Руд, а сега Алкараз го претрпе првиот пораз во своето трето финале.

Во првиот сет двајцата тенисери освоија по еден брејк, Руне имаше две сет-топки во десеттиот гем, но не успеа да го освои и сетот отиде во тај-брејк. Во него имаше дури седум мини-брејка, Алкараз не ја искористи својата шанса на 3-1, Руне потоа водеше со 6-4, но го освои со 8-6.

Во вториот сет Алкараз се мачеше со болки во грбот, побара и еден медицински тајм-аут и веројатно тоа беше причината за нешто послабиот настап што резултираше со лесен сет за Руне за конечна победа и петта АТП титула за данскиот тенисер.

Поради поразот, Алкараз ја загуби втората позиција на АТП листата која сега му припаѓа на Зверев за само 35 бода разлика. Далеку пред нив е Јаник Синер со безмалку 2.000 бода предност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Осуденик пронајден починат во затвор Идризово

07/09/2026
Македонија

19-годишна девојка загина во несреќа на локалниот пат с.Пиширово-с.Црнилиште

07/09/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: По примерот на 1991 година, потребни ни се единство

07/09/2026
Македонија

Тошковски со детали за убиството во Чаир: Опфатени се познати

07/09/2026
Македонија

Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови потврдуваат дека локалитетот

07/09/2026
Македонија

Град Скопје се пофали: Потпишавме договор, ќе имаме 3.300 нови

07/09/2026
Македонија

Случај „Државна лотарија“: Обвинителството најави 231 доказ, одбраната вели: Груби

07/09/2026
Македонија

Нискиот опфат на вакцинација го става Прилепскиот регион пред ризик

07/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45532
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Осуденик пронајден починат во затвор Идризово

07/09/2026

На 06.09.2026 во 05:00 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа-Затвор Идризово е пријавено дека во установата бил пронајден

19-годишна девојка загина во несреќа на локалниот пат с.Пиширово-с.Црнилиште

07/09/2026

На 06.09.2026 околу 22:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на локалниот пат с.Пиширово-с.Црнилиште, 19-годишната Т.Д. од с.Црнилиште,

Сиљановска-Давкова: По примерот на 1991 година, потребни ни се единство и консензус

07/09/2026

По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35-годишнината од неа, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy