Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Рудникот Саса инвестираше во нов систем за рано предупредување од елементарни непогоди
Македонија

Рудникот Саса инвестираше во нов систем за рано предупредување од елементарни непогоди

28/03/2025

AA

Директорот за Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов и генералниот директор на Рудник Саса, Кристофер Колбурн го потпишаа документот кој ги утврдува процедурите за соработка, координација и комуникација помеѓу оваа институција и рудникот. Со ова, новиот систем за рано предупредување на Рудник Саса и официјално стана дел од националниот систем за тревожење.

Покрај останатите технички елементи, новиот систем за рано предупредување на Саса вклучува и звучни уреди (сирени) поставени на неколку стратешки локации утврдени со експертска студија. Неговата примарна цел е преку звучни сигнали навремено да ги извести сите, вклучувајќи ги и жителите на населбите во близина на рудникот, како и оние кои живеат по течението на Каменичка река и во градот Македонска Каменица, за потенцијални опасности предизвикани од различни причини и природни непогоди кои можат да го загрозат живот и здравјето на луѓето и материјалните добра. Заради контрола на исправноста на системот предвидено е повремено вклучување на сирените, што ќе се врши согласно утврдените протоколи и во координација со ЦУК. За терминот и времетраењето на ваквите проверки жителите на општината Македонска Каменица ќе бидат навремено известени преку медиумите и други начини за информирање.

„Сведоци сме дека рудникот Саса во изминатиот период вложил многу во современа опрема и во имплементација на најдобри индустриски стандарди и практики наменети за намалување на ризиците од инциденти и кризни ситуации кои можат да го загрозат животот, здравјето и безбедноста на вработените, како и на населението во околината на рудникот. Новиот систем за рано предупредување на Саса, кој од денеска и официјално станува дел од националниот систем за тревожење, секако е дел од ваквите напори на компанијата, кои се за поздравување и претставуваат добар пример што треба да го следат и другите компании и институции во земјата“, изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, при посетата на контролниот центар за далечинско управување со системот во Саса.

Градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски го поздрави поставувањето на новиот систем, истакнувајќи ја неговата превентивна улога за поголема безбедност на целокупната локална заедница.

„Горди сме на тоа што нашата општина е прва во нашата земја која има функционален систем за рано предупредување од елементарни непогоди. Заедно со противпожарната кула која неодамна беше направена и ставена во функција, овој систем ќе овозможи рано откривање на потенцијалните ризици по безбедноста на луѓето и материјалните добра, што во голем број случи е пресудно при справувањето со кризни ситуации предизвикани од различни елементарни непогоди“, истакна градоначалникот
Атанасовски, заблагодарувајќи се на рудникот Саса за неговата поддршка и вложувањата во реализација на овие проекти.

Инсталирањето на овој систем во Саса се одвиваше паралелно со имплементација на Глобалниот индустриски стандард за управување со јаловишта (GISTM), креиран од страна на Меѓународниот совет за рударство и метали и Програмата за животна средина на Обединетите Нации, со крајна цел – нула штета за луѓето и животната средина.

„Овој современ систем за рано предупредување е само една од многуте активности и проекти во кои инвестиравме за да обезбедиме највисоко ниво на безбедност, што е приоритет број еден во Саса. Токму грижата за луѓето, за нивната безбедност и благосостојба, заедно со заштитата на животната средина и просперитетот на локалната заедница, претставуваат основа за нашиот одржлив развој. Затоа ние во
Саса, благодарение на поддршката од групацијата ЦАМЛ каде припаѓаме, и понатаму ќе продолжиме со реализација на ваков вид иницијативи, доследно почитувајќи ги националните регулативи и глобалните индустриски стандарди и принципи на одговорно рударство“, истакна генералниот директор на Рудник Саса, Кристофер Колбурн.

Од вклучувањето кон групацијата Централ Азија Металс (ЦАМЛ) во ноември 2017 година, рудникот Саса инвестираше над 80 милиони долари во современа рударска опрема, дигитализација на техничките процеси, реализација на капитални проекти, подобрување на безбедноста, подигнување на стандардите и условите за работа во рудникот, како и во професионалниот развој на вработените, потврдувајќи ја со тоа
својата посветеност на одржливото рударство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Утре слаби врнежи од дожд и снег во источните делови

26/01/2026
Македонија

Истекува рокот, четири кандидати се пријавиле за наследник на Љупчо

26/01/2026
Македонија

Сведоштво на братот на загинатиот Андреј Панов: Во „Пулс“ имало

26/01/2026
Македонија

АДВОКАТАТА ИВАНА КОЦЕВСКА ПОБАРА ДА СЕ ИСКЛУЧИ ЈАВНОСТА АКО ПРОДОЛЖИ

26/01/2026
Македонија

Стопанската комора предупредува: Блокадите на граничните премини може да предизвикаат

26/01/2026
Македонија

„Тргнувајте еден саат порано“: Судијката ги искара полицајците од Тетово

26/01/2026
Македонија

Жолт хидро аларм: Потенцијална опасност од излевање на реките во

26/01/2026
Македонија

ВИДЕО „За вас е обичен човек, за нас монструм“: Таткото

26/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40618
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Утре слаби врнежи од дожд и снег во источните делови

26/01/2026

Облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во централните и источните делови (над 30л/м2) проследени со ретки

Истекува рокот, четири кандидати се пријавиле за наследник на Љупчо Коцевски

26/01/2026

Од Собранието информираат дека за наследник на актуелниот Државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски, се пријавиле четири лица. Сите четири кандидати

Сведоштво на братот на загинатиот Андреј Панов: Во „Пулс“ имало еден излез, без противпожарна опрема

26/01/2026

Кристијан Панов од Кочани, брат на загинатиот Андреј Панов, во своето сведоштво за трагедијата во дискотеката „Пулс“ изнесе сериозни тврдења

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy