Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Расчистено кривично дело изнуда во Прилеп, поднесена кривична пријава против три лица и определен им е притвор
Македонија

Расчистено кривично дело изнуда во Прилеп, поднесена кривична пријава против три лица и определен им е притвор

28/03/2025

AA

На 26.03.2025 во 20.40 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Р.Р.(53) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 258 од Кривичниот законик. Претходно, истиот ден во 08.00 часот во ОВР Прилеп, 54 – годишен сопственик на угостителски објект во Прилеп пријавил дека со физички напад и закани, С.Р. и А.Т., двајцата од Прилеп, му изнудиле пари кои ги земал приведениот Р.Р., татко на С.Р.

Имено, на 20.03.2025, С.Р. и А.Т. дошле во неговиот угостителски објект, физички го нападнале и со закана барале од него месечно да им дава 400 евра за да му го обезбедуваат објектот. Најпрвин ги одбил, но после тоа, тие уште неколку пати доаѓале во објектот, му се заканувале и му барале пари, при што С.Р. му рекол дека парите ќе ги зема неговиот татко Р.Р.. На 24.03.2025 тој се договорил со Р.Р. дека ќе му ги даде парите на 26.03.2025, а откако ги зел парите, Р.Р. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.

После тоа, со судска наредба, полициски службеници од ОВР Прилеп извршиле претреси во домовите на тројцата, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Од страна на судија на претходна постапка на Р.Р. му била определена мерка притвор од 30 дена и бил спроведен во казнено – поправна установа за издржување на мерката. Исто така, мерка притвор од 30 дена во отсуство била одредена и на С.Р. и А.Т.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
Македонија

Успешна спасувачка акција на Пелистер: Спасено повреденото лице

16/08/2026
Македонија

Туристи се качуваат по црквата „Св. Никола“ во Маврово, граѓаните

16/08/2026
Македонија

Експлозија во куќа во Бардовци: Оштетени скали, прозорец, возило, порта

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45053
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Загрозување на

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за утрината се планира и воздушна

16/08/2026

Пожар избувна над скопското село Вражале, а екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје и Дирекцијата за заштита и спасување

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку историскиот „Француски пат“

16/08/2026

Големо Езеро на Баба Планина ќе добие директна патна врска со преспанското село Брајчино преку реконструкција и ставање во функција

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy