Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Рудниците можат да ја покренат македонската економија- знаеме ли како?
Македонија

Рудниците можат да ја покренат македонската економија- знаеме ли како?

09/01/2024

AA

СРЕЌНО – Не постои човек кој не го знае значењето на овој рударски поздрав кој има богата историја оти токму рударството е едно од најстарите активности на човештвото кое датира од каменото доба.

Долга традиција во рударството има и нашата држава, посебно во Источниот регион, каде претставува витална индустриска гранка.
И покрај предизвиците со кои се соочува овој сектор во изминатите години, без конкретна државна поддршка, придобивките врз севкупната македонска економија се огромни, а посебно и на локалната самоуправа.

Доколку се земат предвид учеството врз вкупното индустриско производство, извозот, вработувањата, даноците, како и зголемената свест за општествената одговорност на компаниите, позитивните ефекти се евидентни.

Иако има обид во јавноста од одредени структури да се создаде „негативна атмосфера“ околу поттикнувањето и поддршката на нови инвестиции и вложувања во рударскиот сектор, минералните суровини со кои располага државата претставуваат добра основа за поинтензивен стопански развој, за што говорат истражувањата за потврдените и во фаза на експлоатација минерални суровини.

Секторот рударство во нашата земја опфаќа четири видови дејности кои вклучуваат: вадење на метални минерални суровини, вадење на камен и останати неметални суровини, вадење на јаглен и лигнит и помошни дејности во рударството.

Дека оваа индустриска гранка располага со одличен потенцијал за натамошен раст покажуваат „црно на бело“ и бројките од Државниот завод за статистика. Во оваа анализа ,низ статистички бројки го потенцираме позитивното влијание на рударството во регионите, во кои оперираат рудници, но и врз македонската економија.

Колку придонесува рударството во индустриското производство?

Учеството на рударскиот сектор во БДП е околу 2 проценти, а секторот рударство и вадење камен во структурата на индустриското производство во изминативе неколку години се искачи над 11 проценти, што е показател дека оваа индустриска гранка располага со потенцијал за натамошен раст. Индустриското производство во овој сектор во првото полугодие од 2021 година, во однос на првото полугодие од 2020 година, бележи пад од 9.1 %. Пад има кај вадење јаглен и лигнит од 10,5% и кај вадење на руди на метал од 13,2%, додека кај вадењето на други руди и камен се забележува раст од 9,6%.

Во континуитет се остварува суфицит, односно извозот на рудата е поголем од увозот

Извозот во овој сектор традиционално секоја година надминува 200 милиони долари. Учеството на рударскиот сектор во извозот е 3, 2 проценти.Според производите,најголемо учество во извозот имаат металните руди, дури со 76 проценти во вкупниот извоз. Минатата година, и покрај сите предизвици поврзани со енергетската криза, домашната рударска индустрија забележа раст на извозот за 17,9 отсто, надминувајќи вредност од 280 милиони долари.

Нашата земја во континуитет остварува суфицит во трговската размена во секторот, т.е. извозот е поголем од увозот, а најголем суфицит во последните пет години е остварен во 2017 година и изнесува 94 милиони долари. Во последните пет години извозот се движи од 124 милиони евра во 2016 година до 176,4 милиони евра во 2020 година. Меѓутоа, по растечкиот тренд 2016-2018 година, во периодот 2018-2020 година се забележува пад на извозот од 21,8%. Од друга страна, увозот по континуираниот растечки тренд во периодот 2016-2020 година, во 2020 година споредено со 2019 година бележи опаѓање од 13,3%

Час поскоро да се дефинираат приоритетите – тоа подобро

Анализирајќи ги податоците и позитивните импликации врз целокупното стопанство во Македонија, сите познавачи и експерти во оваа област се едногласни дека државата мора да завземе цврст став по однос на понатамошниот развој на оваа индустриска гранка, како и создавање услови за влез на нови инвестиции во овој сектор.

Апелираат да се прекине со негативната кампања во јавноста во која сите потенцијални и нови инвеститори се преставуваат како да се некакви „ страшила“, а всушност станува збор за светски и сериозни компании кои ги применуваат најновите стандарди во процесот на производството на рудните богатства, во сите земји каде што работат.

Затоа, експертите од оваа област ја нагласуваат потребата од итно обновување на националната развојна стратегија на рударството, кое има значителен удел во создавањето на македонскиот БДП. Тоа е од исклучителна важност, ако се земе предвид дека во последните 40 години на територијата на Македонија е отворен само еден рудник и тоа е „Боров Дол“ кој претставува површински коп и продолжување на векот на работата на Бучим за минимум десет години, каде што се преработува бакарната руда.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy