Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Рударството тоне, бројот на рудари се намалува – Македонија во спротивна насока од светските трендови
Македонија

Рударството тоне, бројот на рудари се намалува – Македонија во спротивна насока од светските трендови

05/02/2026

AA

Надолниот тренд во македонското рударство продолжува и на почетокот од годинава. Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, вкупното индустриско производство расте, но рударството останува единствената гранка со значителен пад. Во пресекот за ноември, минусот изнесувал 4,7%, а во јануари достигнал близу 7%, што дополнително ја нагласува кризата во секторот.

„Бројот на работниците во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, во секторот Рударство и вадење на камен се намалил за 5.2 %“, соопшти Заводот за статистика.

Во краткото сиже за постигнувањата во минатата година, од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини единствено нагласија дека започнале процес на усвојување на нови закони за рударство и за геологија. Ресорната министерка Сања Божиновска имаше истакнато и дека Министерството бележи раст во наплатата од носителите на постоечките концесии за експлоатација, но и дека потпишува меморандуми за соработка со образовните институции за идни проекти и за едукација на стручен кадар.

„Рударството не смее да се води импровизирано. Одлуките мора да се темелат на наука, експертиза и податоци. Соработката со Технолошко-металуршкиот факултет ни овозможува директна врска меѓу институциите и знаењето што се создава во академската заедница – знаење што е неопходно за одговорно управување со минералните суровини и за долгорочен развој на секторот“, истакна министерката Божиновска по договорената соработка со УКИМ.

Сепак, домашното рударство и понатаму не бележи позитивни индикатори, а нов сериозен рудник во Македонија се нема отворено во изминатите 40 години. Се уште стагнира постапката за усвојувањето на законите за геологија и за рударство, но и на Стратегијата за минерални суровини до 2040 година. Во образложението на законите беше потенцирано дека целта е усогласување со европските директиви и стандарди, но додека продолжува статус-квото, Европската Унија го заокружи и вториот повик за финансирање на нови рудници. Со назнака дека се стратешки проекти Брисел на брза лента ќе одобрува нови експлоатации на критични минерали, целејќи да ја намали зависноста од трети страни, особено од Кина и Русија. Меѓу рудите по кои трага ЕУ, а со кои Македонија изобилува, е и бакарот.

„Бакарот се користи во сите електрични и електронски апликации, вклучувајќи технологии за обновлива енергија, дистрибутивни мрежи, електрични возила, електронски уреди, авиони и одбранбени технологии. ЕУ е зависна од снабдувањето со бакар од трети земји, особено во фазата на екстракција. Се предвидува дека побарувачката на ЕУ за бакар ќе се зголеми за повеќе од 50% до 2050 година, поттикната од технологиите за обновлива енергија, електричните возила и индустриските проекти“, се наведува во повикот на ЕУ.

Големата побарувачка за бакар на светско ниво беше причина овој метал да достигне рекордна цена од 14 илјади долари за тон на Лондонската берза на метали. Повеќе инвестиции за ископ на бакар во Македонија во минатото не беа реализирани и државата од новата светска трка по критични метали не успева да профитира.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy