Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕМА ПРОПУСТИ ВО ИСПРАЌАЊЕТО МОЗОЧНИ ТКИВА ВО САД Јаневска не гледа основ за сомнежи
Македонија

НЕМА ПРОПУСТИ ВО ИСПРАЌАЊЕТО МОЗОЧНИ ТКИВА ВО САД Јаневска не гледа основ за сомнежи

05/02/2026

AA

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека го дели мислењето на министерот за здравство Азир Алиу и дека не верува оти биле заобиколени процедурите при испраќањето мозочни ткива од македонски пациенти за истражувања на њујоршкиот универзитет „Колумбија“, во рамки на соработката со Медицинскиот факултет, односно Институтот за судска медицина.

– Лично не мислам дека има пропусти. Бидејќи станува збор за базична наука, не е невообичаено на медицинските факултети, кога има потреба, да се испраќа ткиво за анализа. Во апликативната работа, кога имаме случај што не можеме да го решиме, бараме помош од колеги кои имаат не само повеќе искуство, туку и поголеми можности за анализа. Универзитетот „Колумбија“ е меѓу најдобрите во светот, осми на Шангајската ранг-листа, и процедурите за соработка при вакви проекти се исклучително строги – изјави Јаневска.

На барање на повеќе медиуми за одговори во врска со случајот што деновиве ја вознемири јавноста, министерката рече дека не гледа потреба Министерството за образование и наука да се вклучи во прибирање документација, откако министерот Алиу вчера соопшти дека побарал анализа на податоците поврзани со испраќањето мозочни ткива во САД, за истражувачки проект кој започнал во 1996 година.

– Не гледам потреба МОН да се вклучи, но доколку нешто биде побарано од нас, секако ќе одговориме во рамки на нашите надлежности. Стоиме на располагање, иако лично не гледам во што конкретно би се вклучиле –  изјави Јаневска.

На прашањето за етичкиот аспект на проектот, особено во однос на согласностите од семејствата на пациентите и можноста првично одбиено барање подоцна да биде одобрено, министерката одговори дека не може да тврди дали такво нешто постоело, „освен ако мислењето не било дополнето со факти кои претходно биле побарани“.

Како поранешен кадар на Медицинскиот факултет при УКИМ, Јаневска посочи дека во минатото била член на Етичката комисија на Факултетот, чија работа, како што рече, е исклучително сериозна и темелна.

– Сум била член на Етичката комисија на Медицинскиот факултет и во мојот мандат не се случило да се промени одлука. Документите се разгледуваат многу сериозно. Доколку има потреба нешто да се дополни или коригира за да биде во согласност со законот, тоа се прави. Додека работев таму и додека бев член на Комисијата, длабоко сум уверена дека не е направен никаков пропуст – рече Јаневска.

Според неа, станува збор за истражувачки проект од чии резултати може да има корист целата светска заедница, а Македонија во вакви проекти може да учествува единствено преку соработка со универзитети кои располагаат со значителни истражувачки буџети.

– Проектот бил насочен кон истражување на соматските причини за депресија, самоубиства и шизофренија. Знам дека постоел и проект за Алцхајмерова болест, кој го водел Универзитетот „Колумбија“, како и други истражувања за состојби кои и денес не се целосно решени. Ако се решат, бенефит ќе има целото светско население, не само Македонија – истакна Јаневска.

Таа додаде дека Македонија, како мала земја со ограничени ресурси, не може да се натпреварува со универзитети кои имаат 10, 50 или 100 пати поголеми буџети, но преку соработка може да учествува во проекти кои носат корист за домашната наука и државата.

– Ние ги стимулираме универзитетите да се вмрежуваат и да воспоставуваат релации со странски универзитети, особено со оние кои се високо рангирани на Шангајската листа. Во новиот закон, кој моментално е поставен на ЕНЕР, дури предвидуваме и обврска за воспоставување такви соработки. Универзитетите не се само за едукација на студентите, туку и за развој на науката – нагласи Јаневска.

Таа посочи и дека студијата била спроведена во 2002 година и дека и тогаш јавноста била информирана за проектот, но оти е разбирливо дека ваквите научни истражувања не го привлекуваат вниманието на целата јавност, туку пред сѐ на научната заедница.

– Она што е во надлежност на Министерството е јасно и транспарентно. Минатата година објавивме повик и доделивме шест милиони евра за 45 научноистражувачки проекти. Дел од нив се од областа на базичната наука, а дел се апликативни и поврзани со Смарт-специјализацијата. За сите нив има договори, институциите поднесуваат планови и сето тоа е строго контролирано – додаде Јаневска.

Министерот за здравство Азир Алиу вчера изјави дека, и лично и како министер, смета дека можностите за злоупотреби во овој случај се минимални, бидејќи станува збор за истражувачки проект меѓу две држави.

– Втората држава е САД, која има многу јасно дефинирани протоколи кога станува збор за биолошки материјал. Овој факт мора да се има предвид – рече Алиу, додавајќи дека довербата дополнително произлегува од фактот што станува збор за престижен универзитет.

Тој соопшти дека побарал анализа на податоците поврзани со испраќањето мозочни ткива во САД и дека од работната група очекува одговори за начинот на кој биолошкиот материјал бил испратен.

Според Алиу, согласно стариот закон, до 2018 година документацијата требало да се чува 15 години, а од 2018 година, според ЕУ-директивите, рокот е 25 години, поради што постои можност дел од институциите повеќе да не ја поседуваат целокупната документација.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45694
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува

20/09/2026

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од

20/09/2026

Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy