
Роналдо пред борбата со Фјури му подари скап часовник на Френсис Нгану
Напаѓачот на Ал Насер, Кристијано Роналдо, на поранешниот светски шампион во мешани боречки вештини, Френсис Нгану му подари скап часовник пред неговата борба со Британецот Тајсон Фјури. Боксерскиот меч меѓу двајцата ќе се одржи на 28 октомври во Саудиска Арабија.
Португалецот на камерунскиот борец му подари часовник Heart of Ronaldo, произведен во соработка со Jacobs & Co, со цена од 110.000 фунти.
Борбата меѓу Фјури и Нгану ќе се одржи во формат од 10 рунди. Титулата на ВБЦ, која ја поседува Британецот, нема да биде на линија.
