
Роналдо од слободен удар до 899. гол во кариерата (ВИДЕО)
Еден од стрелците за вицешампионот на Саудиска Арабија беше Кристијано Роналдо кој конечно погоди од слободен удар. Тој ја затресе противничката мрежа за 2-0 во десеттата минута од судиското продолжение во првото полувреме, а со постигнатиот гол стигна до бројката од 899 во кариерата, па сега му недостасува само еден до нов голем јубилеј.
Останатите три гола за Ал Наср ги постигнаа Талиска (два) и хрватскиот интернационалец Марцело Брозовиќ.