Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Олмо веднаш проработе, Барса по шест години го победи Рајо во Мадрид (ВИДЕО)
Спорт

Олмо веднаш проработе, Барса по шест години го победи Рајо во Мадрид (ВИДЕО)

27/08/2024

AA

И по три кола од новата сезона, Барселона е со максимален ефект откако вечерва славеше на гостувањето кај Рајо Ваљекано.

Интересно е тоа што сите три победи во досегашниот дел од Ла Лига, Барса ги оствари со идентичен резултат, 2-1, како и тоа што првпат по 2018 година го победи Рајо Ваљекано на гостински терен. До победата каталонскиот тим дојде со пресврт, како на првото гостувањето во сезоната, кај Валенсија. По првите 45 минути Рајо водеше со голот на Лопез, постигна уште во деветтата минута, а пресвртот почна по еден час игра.

Одбраната на домашниот тим почна да ја губи концентрацијата и Барса лесно создаваше шанси, па Педри израмни на 1-1 откако остана само на десетина метри од голот на Рајо. Во 71. минута погоди и Левандовски, но главниот судија го поништи голот по прегледувањето на ВАР снимката поради наводен фаул од Кунде на почетокот од акцијата иако е впечаток дека такво нешто не постоеше.

Сепак, тоа што ѝ беше одземено на Барса, го врати Дани Олмо во своето деби за матичниот клуб. Шпанскиот репрезентативец влезе во игра на почетокот од второто полувреме на местото на Феран Торес и во 82. минута го комплетираше пресвртот на својот тим.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy