
Рома со пресврт го скрши Сасуоло (ВИДЕО)
Матеус Енрике во 25. минута од мечот ја затресе мрежата на гостите од Рим и донесе водство од 1-0 на домаќините.
Сасуоло ја чуваше предноста и во вториот дел, но по црвениот картон во 62. минута сè тргна во погрешен правец. Најпрво Пауло Дибала од пенал погоди за 1-1, а потоа во 82. минута Расмус Кристенсен стрелаше за 2-1.
Рома има 24 бодови и се наоѓа на делба на четвртата позиција со Наполи, додека Сасуоло со 15 бода е на 15. место.