
Рома се измачи против Удинезе, но освои три бода! (ВИДЕО)
Манчини донесе радост за екипата на Жозе Мурињо во 20. минута од мечот, но Удинезе успеа да израмни во 57. минута на 1-1.
Рома постигна уште два гола во финишот од натпреварот, и тоа преку Дибала и Ел Шарави за победа од 3-1.
Римјаните се наоѓаат на петто место во Серија А со 21 бод, додека Удинезе е на 16. позиција со 11 бодови.